ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „АЗНАДАР“ НА МУБЕРА МИССИНИ

„Децата од нашата улица“ ги поканува сите љубители на убавата книга и мудроста на промоција и потпишување на книгата на Мубера Миссини, доктор по комплементарна медицина, „Азнадар“, во среда, 22 јули во 21:00.
Најпрво ќе проследите едногласовно предавање на темите кои се обработени во книгата каде ќе можете и да поставите прашања за сè она што ве интересира. Потоа ќе следи потпишување на авторката во интимна и топла атмосфера со убава музика.

„Азнадар“ се јавува како одговор на времето кое носи спознавање за Вистината, за четвртиот поредок и за времето на чесноста. Азнадар нуди ново видување на „даровите“, „испуштените мигови“, „простувањето“ и „насмевката“.

Оваа книга го насочува вниманието на читателот на самиот себе, на чуварот на богатството, на азнадарот чија порака е „Ти никогаш не можеш да излачиш толку отрови, колку што јас можам од нив да направам лекови“. Сè е создадено од љубов. Од таа вибрација се создадени и истите чувари – азнадари.
Книгата „Азнадар“ е наменета за сите љубови кои било кога постоеле и го премостува времето и просторот во енергија и информација. Таа ја надминува темата на само – откривање и навлегува во дигиталниот свет на набљудувачот.

Оваа книга ќе ги заинтригира сите млади и помалку млади, заљубениците и заробените, родителите и оние кои допрва ќе се родат – ќе ги препознае сите чисти срца и чудаци. Ќе ги заинтересира сите психолози, терапевти и доктори. Ќе ги разбуди сите мечтатели и бидно – сонувачи, ќе ги замолчи сите говорници, полемичари, филозофи, биолози, патолози, механичари и електричари. Азнадар ги обелоденува сите миротворци, тивки воини, авантуристи и авангардисти. Тој ги повикува сите пионери, следбеници, талкачи по беспаќето, сите љубовници и боголики суштества. Сите еднакви на квантно ниво, есенцијални гени, оние кои живеат и живуркаат, храбрите и депресивните, оние со самодоверба и его. Таа стои зад сите што паѓаат во иста дупка стотина пати, што ги повторуваат лекциите низ инкарнации, зад сите ранобудни и успиени, зад сите талкачи и трагачи по мудроста наречена – чувари на богатството – азнадари.

Се гледаме! 🙂

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.