ДРИМON 3 – 24 јули 2015

Во петок, 24 јули, во 15:00 часот на фестивалот за процесирање култура ДримОN 3. Ќе имате можност да учествувате во работилница со модната дизнајнерка Ирина Тошева насловена како “Реупотреба на текстил: мојата нова торбичка”… Ако и вие сте од оние кои секогаш кога ве пресретнува некое парче облека што никој не го носи, си викате: „сеуште ме инспирира, може да се реупотреби, издизајнира“…тогаш дојдете со едно такво на нашата работилница и изработете си интересна торба со помош на моден дизајнер. Влезете во творечка авантура и создадете уникатна торбичка со вашиот креативен печат, која не може да се купи во ниеден бутик и за ниедни пари. Земете си ја и другарката. Работилницата е прилагодена и за деца и за возрасни.

Монодрамата која се здоби со неколку награди на итернационален фестивал на монодрама во Албанија, Delirium Tremens на Благоја Ристески-Платнар во режија и актерска игра на Игор Трпче ќе ја погледнете на програмата на ДРИМON 3  на 24 јули (петок) во 21:30 часот во Ц.К. „Браќа Миладиновци” – Струга.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.