Предавање на Владимир Јанчевски

“Конфликтни слики во јавниот простор; Интерпретации на(спроти) провокации” е наречено предавањето на Владимир Јанчевски,  кое ќе се одржи  во Н.У. Центар за култура “Браќа Миладиновци” (Струга) на 25 јули, сабота во 19:30 часот.

Владимир Јанчевски (1984, Скопје), дипломирал на Институтот за историја на уметноста (Современа уметност) на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил ангажиран како демонстратор по предметите за современа уметност. Учествува во активностите на Центарот за визуелни студии – Скопје. Тој е самостоен истражувач и работи во доменот на современата уметност, теоријата на уметноста и визуелните студии. Организирал повеќе изложби, предавања и дискусии, уредувал публикации, учествувал на неколку научни конференции, а автор е и на триесетина текстови.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.