Шанса за мала улога во новиот “Star Trek”

Дали сте фан на “Star Trek” франшизата? Епа ќе ви се допадне ова!:)

Екипата на новиот “Star Trek: Beyond” (за кој пишувавме овде), заедно со Bad Robot, Paramount Pictures и Omaze ве покануваат да учествувате во натпреварот во кој главната награда е : улога во “Star Trek: Beyond”:):):):):)

Со само 10 долари обезбедувате шанса за да бидете извлечени, но со поголема донација шансите ќе бидат многу поголеми. За ова е “виновна“ организацијата Omaze, која работи со добротворни цели. Сите донации се делат помеѓу многу други добротворни организации, меѓу кои донации за храна, облека, лекови за загрозените области итн.

Еве се што е вклучно во наградата:
– Лет до Ванкувер, Канада
– Престој во хотел со 4 Ѕвезди
– Шанса да ја запознаете екипата на филмот
– Ќе добиете костим како оние на екипажот, перика и шминка.

Останати 6 ќе добијат само лет до Ванкувер и шанса да ја запознаат екипата.

Екипажот на “Enterprise” многу подобро ќе ви го објасни ова:)

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.