52 години од катастрофалниот скопски земјотрес

Поминаа 52 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди главниот град на Р. Македонија. Тој не мил настан не само што однесе многубројни човечки жртви и направи огромни материјални штети, но засекогаш го промени осакатениот град па и целата Скопска котлина.
Се помалку се генерациите што се сеќаваат, болно, на тоа јулско извонредно жешко лето 1963 год. Се повеќе тој настан останува како бројка(за генерациите) за, речиси, обично одбележување. Многубројните трагедии на поединци или цели фамилии, “прашината” на времето ги заличува, ги однесува со себе. Авторот на овој текст, земјотресот го доживува далеку од Скопје за тоа причина е турнејата, во тоа време, на хорот на просветните работници Кочо Рацин не до крај изведена во некој градови на Р. Бугарија. Така хорот утрото на 23-ти Јули 1963 год се собраа пред домот на културата на Градежните Работици, на плоштадот “слобода”. Облечени во соодветна облека за патување, со изразите колоритност и вкус хористите неверојатно радосни со два автобуси на тогашното автобуско претпријатие “Пролетер” од Скопје, на кои од двете страни беше напишано хор “Кочо Рацин” – Скопје – Македонија. На испраќањето присуствуваа многу роднини, пријатели, но и хористи од повеќе причини не патуваа со нас. Ова беше посебен настан зашто првпат хорот како самостоен ансамбл заминуваше на турнеја во странство.

Минувавме низ улиците на Скопје и зад нас останаа испраќачите со насолзени очи, но така беше и во автобусите. Минавме низ плоштадот, кејот “13-ти Ноември”, па преку (тогаш) новиот мост, по кејот “Димитар Влахов” и така кон “Кумановска Трошарина” и Автокоманда. Го оставаме Скопје зад нас! Ни на крајпамет дека таквото наше сакано Скопје, го гледаме за последен пат! Автобусите јурат кон Куманово, во кое, кога влеговме, во тие утрински часови беше густа врвулица- луѓето одеа на работа. После Куманово од двете страни на патот се редат брановити пејзажи, без многу вегетација. Патот во тоа време беше чист “Камењар” – прашлив магадам. Амбиентот брзо се менува ту слегуваме во длабоки и стрмни суводолици, како на разбранувано море, ту се качуваме нагоре, и се така до превалецот “Страцин” – теснец на кој се уште стоеја железно бетонски препреки од втората светска војна, кој има задача да ги сопрат окупаторските тенкови. По Страцин, патот е нешто “по мирен”. Но, еве го првото не пријатно изненадување; на една кривина која буквално висеше над провалија на една притока на Крива река, наидуваме на превртено фиќо, а до него – избезумено четири члено семејство. Слегуваме и некој од нас им даваат прва помош на настраданитe за да се приберат од првиот шок. За настанот е крива сопругата зашто сакала да му ја тргне осата од шофершајбната и така му го попречила видикот на сопругот и фиќото скршнало од патот-лево и се превртело пред самата бездна. За нив во тој момент, на црно море заврши! Од немилата глетка и сите ние бевме шокирани, и падна команда да застанеме, што го направивме во една ширна тревјосана нива, од како го минавме стариот мост на реката Пчиња… продолживме кон Крива Паланка и наскоро пред нас се покажаа куќи и објекти на градот. Слегнавме и при кусиот престој го разгледавме центарот и околните, сокачиња кои, во 60-тите години, се уште го носеа “мирисот” на Ориентот. Продолжуваме натаму, натаму, се поблиску на граничниот премин. Тука, за разлика од кумановскиот терен целата околина се капе во бујна вегетација, што е карактеристично за целата Осоговија и во тие девствени шуми, не случајно оддамнина е изграден на далеку познатиот манастир “св. Јоаким Осоговски”, недалеку од патот таму, десно- горе. Ја напуштивме клисурата на крива река и преку мостот, речиси, одеднаш започнавме да се качуваме по голиот и стрмен рид наречен “Деве Баир” (Камилски рид) серпетините, излокани од поројните дождови, нашите автобуси со мака и тешко “прфтање” ги совладуваат и се чувствува тешкото напрегање на застарените мотори, но влечат! Пристигнување на граничниот премин кој ниту од наша страна ниту од Бугарска немаат рамен простор и автобусите при пасошкиот и царинскиот преглед, се под “кочница” зашто патот е стрмен по прегледот заминуваме кон градот Ќустендил, па потоа дупница и така полека се упатуваме кон Софија. Температурата, зашто веќе, зашто е пладне достигнува до 40 степени на сонце. Се сместуваме во хотел и пред вечера сме слободни за да ја разгледаме Софија и заминуваме на спиење. На другиот ден со домаќините од хорот “Кавал” сме на излет на планината Витоша.

Таму ја имавме приликата да се запознаеме со туристи од тогашниот советски сојуз. Повраќањето, сосема спонтано при посетата на познатиот храм “св. Александар Невски” со одобрение на одговорниот на храмот пред случајните посетители, одржавме “мини” концерт при што ги исполнивме композиции од старите ренесансни мајстори, кои и најмногу одговараат на таков простор и амбиент. Посетителите – домашни и странски беа одушевени, а тоа нам ни послужи и како генерална проба за концертот истата вечер, на летната сцена во паркот исполнувањата на композициите од многубројната публика беа пресретнати со бурни аплаузи до повеќекратно бис. Најсилен впечаток на публиката и остави композицијата ехо на стариот Италијански мајстор-композитор Орландо ди Ласо. По концертот, речиси, не можевме да се отргнеме од публиката која се качи на сцената за да не запознае од поблизу. На спиење заминавме некаде по полноќ, но никому не му се спиеше зашто импресиите не надвладаа. На другиот ден заминавме за Габрово- следниот град каде што требаше да го одржиме вториот концерт. Патот кој Габрово, удобен и асфалтиран а ние автобусите ги “преплавуваме” со веселба и песни. Но “многу добро не е на добро!” вториот автобус на 10км пред Габрово прави тешка сообраќајка. Многу од хористите се контузувани, особено со набиенит гради. Бидејки процедурата за сообраќајката траеше неколку часа ние останавме без даден концерт, а граѓаните-габровчани останаа “сиромашни” за еден концерт за да се запознаат со квалитетот на Макеонското хорско пеење. Од тој момент останавме со едниот наш автобус, а домаќините ни позајмија свои автобус и така, веќе малку онеспособени заради повредените хористи продолживме кон крајдунавскиот град Русе. Концертот што го приредивме во Русе, а тоа беше 25-ти јули – ноќта спроти земјотресот, беше уште поуспешен. Придонесе да заборавиме на сите болки и од радост и задоволство одвај се прибравме во хотелот и, еве го тој суден ден – 26-ти јули 1963 год! Токму во шест часот по бугарско време, а наше пет часот започнав да ги будам хористите, и по извесно време а тоа било околу 20 мин почувствував силен татнеж. Помислив дека долу на улицата минуваат тенкови. Но ништо од тоа немаше не обрнувајки натаму внимание, но иако буновни но се уште под притисок на синоќешни импресии – весели во летната бавча појадуваме но и си потпевнуваме раскажувајќи детали од синоќешните исполнувања. Тука ја направивме и последната фотографија со насмеани лица и “вклештени” од радост. Заминуваме за Варна. Сите во себе ја носиме желбата таму, пред домашни и странски туристи и граѓани да ја прикажеме нашата “виртуозија”. Сите сме замаени со таа мисла. Чиниш автобусите ќе се распукаат од нашето лудо – весело!… Некаде на средина меѓи Русе и Варна, во вториот автобус, една хористка која имаше транзистор (редки беа во тоа време) одеднаш срипа целата “оѕверена” силно извика.. “Луѓе Скопје е зафатено од силен земјотрес.” Скопје не постои веќе..! Мнозина од нас се насмеавме и коментиравме (се уште силно развеселени).. “ехее” тоа е веќе познато!. Но хористката и натаму упорно настојуваше и почна да плаче. Се создаде тишина, хористката го засили транзисторот и се слушна очајното говорење на спикерот на радио Скопје. Настана гробна тишина само автобускиот мотор работеше со својот рамномерен ритам. Првиот автобус, кој беше пред нас ги беше истоварил хористите и тие се распрснале на сите страни по разни потреби. Тие се уште не знаеа за тешката катастрофа. Кога стигнавме кај чешмите, со самото слегување им ја соопштивме кобната вест и кај нив тешката атмосфера ја замени, дотогаш, веселата и безгрижна расположба. Се качуваме, во автобусите потиштени. Вестите што ги слушаме преку транзисторите се почесто соопштуваа и за конкретни жртви во одредени населби во Скопје, особено на плоштад “Слобода” и населбата “Карпош” се урнала зградата број 12, 13 исто, а зградата број 11 под притисок на горните катови, првиот кат “експлодирал” и врз него се насадиле горните катови. Има многу жртви во автобусите се создаде невидена паника, лелекања и плач. Нашиот одговорен беше присилен да забрани да се слушаат радио вестите, но кој го слуша! Во еден момент една постара хористка силно изрева кога го слушна името на своето внуче: “Златко на баба..!” и почна да ја удира главата од наслонот на седиштето… во Варна само што слеговме од автобусите не опкружија наши дојдени на одмор. Меѓу нив беше и нај малиот брат (сега веќе починат) на артистот Драѓи Костовски. Тој отпрвин не веруваше за катастрофата, но кога ги чу вестите од радиото избезумен почна да трча по улицата кон морето викајки: ‘’луѓе, Скопје е уништено!’’… веќе не мислевме на ништо освен што поскоро да се вратиме дома, во Скопје. Ни беа одредени три вагони и храна, и со брзиот воз за Софија, некаде пред полноќ, тргнавме, а атмосферата стануваше се по тешка. Во текот на тоа тешко и траурно патување, транзисторите постојано соопштуваа за нови и нови жртви. Меѓу нив и имиња на блиски на некои наши хористи, па од време на време од некои од трите вагони ќе се слушнеше експлозија на силен врисок и плач. Се тоа ќе трае, не престано, до нашето пристигнување во Скопје, длабоко во ноќта на 27-ми Јули. Нашите вагони беа приклучени на меѓународниот воз за Белград и околу пладне на 27-ми Јули пристигнавме на крстоснтицата – железничката страница “црвен крст” близу до Ниш. Додека го чекавме возот од Белград за Атина, се изнагледавме на не прегледни композиции кој од Скопје заминуваа за Белград кој носеа ранети, врзани глави, раце и нозе ви гипс кој штрчеа над прозорците од вагоните придружено, сето тоа со плач на жени и деца многумина од нив ни довикуваа: “Каде одите? Скопје повеќе не постои”! Да! Тие го виделе и доживеале пеколот, а ние, со нетрпение одевме во него! Брзиот воз од Белград дојде, ги приклучија и нашите вагони, а очајот не стивнуваше. Никој со никого не разговараше.

Сите се претворивме во “уво” случајно радиото да не спомне некој наш близок – загинат… Доцна вечерта стигнавме на станицата Маџари. Возот кој дотогаш се движеше со вообичаената за него брзина, од Маџари до Скопската железничка станица од безбедносни причини, просто лазеше. На скопската станица некоја бледа светлина, не баре во унисон со настанатата тешка ситуација. По групи, според местото на живеење тргнавме од станицата тоа го направивме бидејки беше воведен “полициски час” зашто се појавиле крадци и милицијата добила право, да пука без предупредување. Длабоко во ноќта некои си ги нашле своите, а некој дури утрината на 28-ми Јули. Многу од загинатите, роднини на некој од хористите биле веќе погребани заради горештините веднаш, па така немаа можност да се опростат. Мегу тие жртви беа и тие што на 22-ри Јули со радост не испратија на турнејата… Утрото на 28-ми Јули кога го разгледував квартот Карпош 2, ги видов зградите ви чие приземје се насадиле горните катови, зградите со преполовени, по вертикала, соби – дневни, спални, санитарни јазли со мебел и друга покуќнина како висат на создадената бездна. Нај трагичен ги сметам случаите ноќта на 25-ти Јули младото семејство Шумејкови по желба на децата; Мајката легнала со синчето во едната соба, а таткото во другата со ќеркичката. Утрото, на 26-ти Јули во пет часот и седумнасет мин. Собата во која спиеле таткото и ќеркичката се урнува и тие загинуваат, а мајката и синчето иако ги делел еден ѕид остануваат живи за да ја раскажат трагичната вистина.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.