„НЕЈЗИНИЈА“ од Шарлот Перкинс Гилман – четиво за секој љубител на феминизмот

„Нејзинија“ е утописки роман во кој е опишано изолирано општество во кое живеат исклучиво жени коишто се размножуваат преку партеногеноза (асексуална репродукција). Резултатот од ова е идеален општествен поредок: нема војни, нема конфликти, нема доминација. Мајчинството е најголемата светост за жените од оваа земја и е центарот околу кој се врти нивниот свет.

Оваа книга на Перкинс извршила силно влијание врз авторите на феминистичката научна фантастика, како и врз идеолозите на феминизмот и лезбискиот сепаратизам во шеесетите и осумдесетите години на дваесетиот век.
„Нејзинија“ е прво дело на Шарлот Перкинс Гилман кое се појавува во превод на македонски јазик, и секако можете да го најдете на полиците во скопската Кафе-Книжарница ВЕШТИЦА.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.