Уште 2 дена до „Струмица опен фест”

Оваа година организаторите на ОПЕН – Фест звршија одлична работа… Организаторите во косултации со струмичани напрвија програма која може да задоволи сечиј вкус. Посетителите ќе може да видат преку дваесет настани, рспоредени во периодот 7. – 13. август, кои ќе се одржат на четири отворени сцени. Најмногу настани ќе има Домот на АРМ (осум настани), потоа следи амфитеатарот со шест, покрај езерцето ќе се одржат пет настани и еден настан на корзото.

Во продолжение видете кои настани каде ќе се одржат:
ОПЕН – Фестот ќе почне во дворотот на АРМ на 7. август во 21 часот, а потоа од 22 часот во Аквариус ќе има забава „за загревање“.

Наредниот ден, 8. август, првиот настан „Вечер на театар“ ќе се одржи во амфитеатарот, со почеток во 20 часот. За истиот ден се предвидени уште три настани: во 21 часот обожвателите на убаво пишаниот збор ќе може да уживаат во „Вечер на поезија“ покрај езерцето, настанот ќе почне во 21 часот. Потоа следат два настани во дворот на АРМ, со почеток од 21:30 ќе настапат хип хоп артисти, а во 22 часот ќе почнат „Street dance“ битките.

На 9. август „зборно место“, во 20 часот, е повторно амфитеатарот, кадешто ќе се одржи школа за гитара. потоа следат две манифестации покрај езерцето: Вечер на поезија и Град под ѕездено небо. Третиот ден ќе го заокружиме во дворот на АРМ со алтернативна сцена.

На 10-ти, продолжуваме кадешто застанавме претходниот ден, во дворот на АРМ, кадешто во 20 часот ќе настапи ансамблот „Тримери“. Потоа, со почеток од 21 часот, покрај езерцето ќе имаме можност да уживаме во афоризми. И за крај на четвртиот ден во амфитеатарот ќе настапат „Распеани струмичани“.
Трката на келнери, којашто со почеток од 20 часот ќе се одржи во паркот, ќе биде првиот настан на петтиот ден, 11. август. Потоа во дворот на АРМ; со почеток од 21 часот, ќе се одржи фестивал на лица со телесен инвалидитет.

Петтиот ден од ОПЕН – Фест ќе го заокружиме со вечер на филм во амфитеатарот.

Шестиот ден ќе почне во 20 часот со ликовна колонија во дворот на АРМ. Потоа, во амфитеатарот, ќе настапи комичарот Бојан Велевски. Акустична романтика покрај езерцето е послендниот настан за 12. август.

Посетителите на ОПЕН – Фест на седмиот ден, со почеток од 20 часот, ќе може да уживаат во песничките од детскиот фестивал Јо – Јо. Потоа љубителите на уметноста ќе може да си купт слики, коишто ќе бидат изложени на корзото. Последен настан, кој ќе се одржи во амфитеатарот, на седмиот ден ќе биде вечерта на џез музика.

Во музичкиот дел на четвртото издание на „Струмица опен фест“, кој ќе се одржи во периодот 13. – 16. август, ќе настапат: Трио гранде, Јупитер, Либеро, Кристина Арнаудова,Слаткаристика, Данијела Мартиновиќ, Тропико бенд, Харис Џиновиќ, Петар Грашо, Mossel,TOM NOVY, R3HAB.

 

Целосната програма на “Срумица опен фест 2015” по денови можете да ја видите и тука:

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.