Трикови зa Lollipop 5.0

Андроид 5.0 Lollipop ја има најголемата промена на Андроид од своето основање. Има големи визуелни промени и материјален дизајн. Ова е обид на Google да ги спои дизајнот и искуството на сите производи.

„Google“ исто така има направено неколку внатрешни подобрувања со помош на платформата Волта, за подобрување на издржливоста на батеријата со што е подготвен за x64 базиран SoCs.

Заради повеќето внатрешни промени постојат многу неприметливи работи во оперативниот систем. Во овој текст ќе ви откриеме девет најдобри Android трикови кои мора да ги дознаете:Lollipop Велигденско јајце
Сите ние ги сакаме велигденските јајца(скриено мени на Андроид), тоа исто го има и за Lollipop. Одете на Settings, потоа изберете About Phone,притиснете неколку пати на Android Version.

Вие ќе бидете наградени со лижавчиња.

Доколку кликнете уште неколоку пати ќе ви се уклучи играта „Flappy Android“, сакана игра од сите нас која „Google“ ни ја дава со новиот Androd.

Пребарувајте во прилагодувањата

Ова беше долго очекувано. „Android“ почна да оди многу напред со додавање на прилагодувања во своето мени, и можно е да стане малку потежок за нови корисници и нивното снаоѓање со него . Од многу опции можно е и најпознатата опција да ни биде тешко да ја пронајдеме во менито, кое понекогаш е фрустирачки. Новиот „Android“ тоа го има средено многу добро!
Ќе ја пронајдете „Search“ иконата и ќе ви се вклучи поле каде што ќе можете да ја впишете бараната опција.

Вклучено копче за батериска лампа

Пред „Lollipop“ , требаше специјално да инсталирате апликација за батериска лампа, сега од тоа нема потреба, бидејќи „Android“ ја има вклучено оваа опција во „Quick Settings“, кои се наоѓаат во лизгачкото мени

Guest Accounts

„Guest Accounts“ беше вклучен во „JellyBean“ 4.3, но не беше толку интересен, сепак во „Lollipop“ е усовршен. Доколку користите телефон со „Android“ 5.0, симнете го надоле „Notifacton“ панелот и кликнете на вашата слика, сега ќе ја добиете опцијата да изберете „Account“ во случајов го имате вашиот и „Guest account“. Доколку сакате да креирате нов корисник можете да кликнете на опцијата „Add User“.

Подредување на нотификации

Нотификациите не се нешто ново на Андроид. Но „LolliPop“, многу добро се справува со нотификациите. Има опција да се конфигурираат кои нотификации да ви се прикажуваат на заклучен мобилен. Доколку сакате ова да го наместите како што треба тогаш отидете на Settings -> Sounds & notification content, активирајте ја опцијата „Hide sensitive notification content“, од тој момент од ниту еден додаден програм нема да добиете нотификации. Исто така можете да ги промените пермисиите за нотификација притиснете на „App Notification“ после тоа кликнете на саканата апликација и тука можете да ги проментите нотификациите.

Заклучување на екранот

Да ли ви се случило некогаш, да гледате некое интересно видео на Youtube и да кликнете на „Home“ копчето и да го исклучите саканато видео?
За да го избгенете ова одете во Menu кликнете na Settings – Security и вклучете ја опцијата Screen Pinning.
Сега кога ќе отидете во саканата апликација ќе видете ново копче Pin icon на долниот дел од прозорецот. Кликнете на копчето и доколку кликнете на некое друго, првиот прозорец ќе си стои каде што е. Доколку не сакате да се заклучи прозорецот само притиснете на Back копчето и копчето за преглед на активни апликации.

Приоритет на нотификации

Со првиот „Update“ на „Lollipop“ , првиот „addon“ со кој се среќаваме на лизгачкото мени е „Priority notification“. Всушност ја има опцијата ,,Do not Disturb” којa е превземена од „Motorola Alerts“ и е имплементирана во „Googlе“. Со оваа опција може привремено да се исклучат секакви сервиси. Ако вашиот телефон е во „Priority mode“ само еднаш ќе завибрира (ако е така сетиран), во спротивно нема да заѕвони туку само ќе ве извести на екранот.
Може да се намести специјално за некој контакт кога ќе ви врти, кај вас наместо телефонот да ѕвони, само да вибрира или пак да биде на нечујно. Доколку ја селектирате опцијата „None“ вие нема да добивате никаква нотификација, освен алармот за будење. Оваа опција ќе може да ја активирате со притискање на копчето за глас и Home копчето. Mоже да селектирате за кои програми или контакти ви требаат нотификации, а за кој не.

Вграден заштедувач на батерија

Секој го сака телефонот и се разбира негово подолго користење. Но никој несака кога нивото на батеријата ќе падне под 20%.
Заштедувачот на бетерија се вклучува на 15% од нивото на батеријата, тогаш ја исклучува позадината и анимациите на телефонот, а со тоа се добиваат плус 90 минути користење . За разлика од другите, кај „Nexus3 телефоните вклучувањето на заштедувач на батерија можете да го сетирате мануелно, на колку проценти од нивото на батеријата да се вклучи.

Паметно заклучување

Секој просечен Андроид корисник го отклучува и заклучува својот телефон приближно 110 пати на ден. Оваа опција е многу безбедна, но на неа се губи многу време. Паметното заклучување на „Lollipop“ детектира кога телефонот е во џеб или ташна и го држи одклучен, а доколку не го допирате и е ставен во мирување на некоја маса тој самиот се заклучува. Оваа функција се врши со помош на вградениот акцелеметар. Доколку на вашиот апарат имате вклучено паметен часовник или пак „Hands Free“, тој самиот привремено ја исклучува опцијата за отклучување и заклучување, а притоа неможе ништо да се прави на телефонот и е заклучен се додека не се исклучи „Hands Free“ уредот.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.