Не читај не плачи!

Изложба од издавачката куќа Марк Пецингер со Дарко Алексовски (MK), Фелициа Еткинсон (FR), Ендру Ганон (UK), Ромен Гандолф (FR), Катрин Херцнер (DE), Флоренс Јунг (FR), Флориан Келер (DE), Мико Куоринки (FI), Дарко Петрушев (MK), Астрид Земе (AT), Јан Вандерм (FR) и Македонската библиотека на уметнички книги*

Отворено графичко студио – Музеј на град Скопје
5-15.09.2015
Отворање: 5.09.2015, 19.00h


“Никогаш повторно не ги собирам, никогаш! Хаос беше! Мислев дека сме го виделе најлошото кога купивме двесте копии од Невидливата книга за Невидливост. Нѐ чинеа цело богатство, а никогаш не ги најдовме.” Вака менаџерот на Flourish and Blotts, книжарницата од книгите/филмовите “Хари Потер”, се жалел за “Невидливата книга за Невидливост”. Оваа книга за моќта на невидливоста сама по себе е секако, невидлива. За еден менаџер на книжарница невидливоста сигурно е фрустрирачка, но од уметничка перспектива невидливоста може да го предизвика набљудувачот одново да замисли како им пристапуваме на присутноста, сеќавањата или документацијата. Следејќи ја оваа идеја, Марк Пецингер собира на едно место 11 уметници кои работат на границите на поимот за тоа што е книга, како таа и нејзината содржина исчезнуваат и кога тоа може да се визуелизира само преку имагинацијата.

*Како физички пандан на изложбата со задоволство ќе ја отвориме и Македонската библиотека на уметнички книги која е сотавена од публикации од различни издавачи на уметнички книги кои се инаку тешко достапни во Македонија. Сакаме да им се заблагодариме на 1:1, 1%ofONE Verlag, Back Bone Books, Ben K. Voss, Black Pages, BoaBooks, Edition Fink, Edition Taube, FuckingGoodArt, Gloria Glitzer, Harpune Verlag, Good Press Gallery, Humboldt Books, Kodoji Press, La Houle, Michalis Pichler Unlimited, MOREpublisher, Nieves, Section7Books, Sergej Vutuc, Shelter Press и Soybot за донираните книги. По изложбата, библиотеката ќе остане во Музејот на град Скопје за слободно разгледување и користење.

Изложбата е поддржана од Германската Амбасада во Скопје, Федералното канцеларство на Австрија и Сакам да бидам милионер.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.