Врските во средновечните години

Листајќи го фејсбукот секојднвно забележувам, дека жените после својата четириесетата година од животот ( може и порано) се гладни и жедни за внимание. Постираат секојдневно слики, нормално сами на сликите и мораат да бидат наместени во некоја поза како што доликува на манекенките. Се чудам и се прашувам, што ли е тоа што ги тера да прават така? Ок, не секоја жена го прави тоа, но сепак морам да потенцирам дека тоа го прават повеќето од нив. Поради своето хоби, имам пријатели па и следачи на фејсбук доволен на број за да го заклучам сево ова. Точно да, ова е само мое мислење кое сакам да го споделам со сите Вас, и се надевам дека  повеќето од Вас ќе се согласат со мене. Секоја од тие жени има семејство, сопруг, деца, па можеби и внучиња. Но сепак, главното внимание го ставаат на себе. Зошто?Дури сега го разбирам изразот кои моите родители многупати го споменуваа „средновечна криза’’. Сите знаеме дека криза како криза, доколу се работи на неа може да се среди и да помине, но љубовта е таа што останува, длабоко во нас, ете скриена од некои глупави причини, и што ни треба на сите нас.
Можеби сопругот не им подарува толкаво внимание колку што им е потребно, или пак веќе им е здосадено со истиот, не знам. А можеби и е едното и другото. Можеби се презаситени еден од друг? Кој ли да го знае што се случува во средните години од нашите животи?
Дали се свесни тие жени дека најголемото внимание можат да го добијат само од сопствените партнери, ако го побараат, ако седнат и разговараат и да си признаат еден на друг дека имаат криза и дека треба да поработат на неа заедно? Очигледно не, а треба само малку да се изборат за тоа. Ова го кажувам од лично искуство па сакам со сите да споделам.
Жената како жена, се вљубува, се мажи, го гледа и чува семејството и неуморно се бори за да го изведе на прав пат. Но откако децата ќе пораснат и нема повеќе такви обврски какви што имала до тогаш, а од друга страна пак сопругот, навикнат таа да не е постојано присутна до него па со текот на времето се дистанцирал од неа, НЕ намерно се разбира, и доаѓа момент кога не е ни свесен дека престанал да и обрнува внимание. И таа што прави? Го бара вниманието од секаде, од секого од едноставн причина дека вниманието и е многу потребно, секој сака да му биде „важен“ некому. Се храни со убавите комплименти што и ги подаруваат. Или пак можеби сето тоа го прави затоа што почнал да се јавува стравот дека „старее“ и не може да се помири со тој факт, па си докажува сама на себе дека се  уште е млада и се уште може да заведе. Што тогаш? Мое мисење е дека можеби треба еден на друг да почнат да си недостасуваат, затоа што времето и животот до тогаш ги оддалечил. Секој од нив да излегува понекогаш сам со друштво. Или некое кратко патување да си дозволи со другарките. И уште додека е на тоа патување, ќе почувствува колку всушност и недостасува сопругот. Едвај ќе чека да си дојде дома и да падне во неговата прегратка. Не бива да си постојано заедно со некого, тоа е исто како да ти даваат секојдневно една иста храна да јадеш, затоа што љубовта е еден вид на храна, која го храни човечкото его.
Жално е колку не има  несреќни, кои глумат дека се среќни. Дали да направиме да сме среќни или да си одиме, еден е животот, на нас е да одлучиме. Жалосно што многумина се измачуваат во врските.Тој нема реприза, уште една шанса нема да ви се даде.
А пак мажите? Мислите ли дека ако жената ви е добра домаќинка не треба повеќе да ја освојувате? Одкако ќе престанете да и се воодушевувате на нејзиниот изглед и карактер, таа може да ви го заврти грбот и тоа без да почуствувате.Знае таа да биде и најголема глумица ако треба.Затоа, не престанувајте да и кажувате колку и се прекрасни усните, колку убаво изгледа во тој фустан, колку би сакале да и ги бакнувате очите, гледајте ја секогаш со желба како да ја посакувате секој момент од денот, дека секоја жена е гладна за внимание и љубов, впрочем како и Вие. Направете нешто за да ја освоите по втор пат, не креирајте лажни профили на фејсбук за да најдете друга…како својата нема никогаш да најдете. Однесете ја онака за џабе на вечера, а и не мора на вечера, ете на клупа и грицкајте семки, прегрнете ја, бакнете ја во челото. Пристете се на младоста, на деновите кога сте биле дечко и девојка.Со тоа малку, таа ќе ви возврати многу. Пробајте да се вратите во младоста заедно, а не секој посебно.
Едноставно, запалете го огнот кој тлеел годините наназад.

Дона

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.