Птица со скршено крило

Се прашувамдали може и како, поезијата да му се доближи на обичниот читател кој во неа негледа ништо посебно, освен купишта наредени или нафрлани зборови кои за нивнемаат никакво значење. Јас секогаш велам, во една песна има цела една животнаприказна или цел еден роман, само треба да се има желба да се сака, да се читапоезија и при читањето да не навлезе подлабоко во песната, да се ,,открие” што сака да каже писателот. Доколку се чита поезијата на тој начин,обичниот читател ќе биде во предност со тоа што во една книга ќе може дапрочита повеќе ,,романи”. Токму од таа причина со желба да имја доближам поезијата на обичните читатели, нема да речам ќе анализирам, затоашто јас знам што има во песната, ќе кажам, ќе соголам една своја песна паможеби со тоа ќе успеам да навлечам некој да посака во иднина да чита ипоезија. Изборот за објаснување падна на песната Птица со скршено крило.Песнатазапочнува со стиховите:Една птица под скршено крило,
една капинка и една пуполка
со неспокој ги носи,
во лушпа од јајце ги чува
земјотрес да не ги здроби.Во случајовптицата е жена, капинка и пуполка се нејзините деца. Избрана е капикна затоашто тоа е созреан, здрав и оформен плод, а пуполка е недоразвиен и нерасцветанцвет, останал пуполка, значи се работи за недоразвиено дете, дете со посебнипотреби, токму затоа вели птица со скршено крило, едното дете е здраво, нодругото не. Подоцна ќе објаснам зошто е избрана лушпа од јајце. Понатака вели:Еј животе,
преголем касај си загризал
од нејната душа,
огнена патека
и од лево и од десно
ја сардисала,
на вратот гривна од чума,
чумата и исплела.
Две планини превишува
со сонцето да прозбори.Првичнатанамера ми беше да му се обратам на Бога, но Бог ги милува луѓето и не би им далстраданија, не би загризал преголем касај од нејната душа, затоа му се обраќамна животот. Преголем залак е затоа што од една страна ја боли душата занедоразвиената пуполка или детето со посебни потреби, а од друга страна се борисо сопстената болест. Чума на 20 и 21 век е ракот, птицата или жената боледуваод рак. Ете затоа во првиот дел вели, ги чува во лушпа од јајце, значи и таа еслаба, кршлива, но собира сила да ги заштитува децата од сите непогоди што гиноси животот. Две планини, нели се вели тежина – планина, а таа превишува двеогромни тежини за да почувствува топлина.Следуваатстиховите:Еј животе,
од далги капнати
нов ден нека се изроди,
нека воскресне во неа
капка од морето, во бисер зрно,
стокми и во преграт сила
од слана вода да не овене.И повторнообраќање до животот со на некој начин молба, во случајов далгите капнати ехемотерапија, ја прима на пример еден ден па прави пауза неколку дена иповторно, значи како далги, бранови, нека воскресне во неа капка од морето вобисер зрано, се мисли од сите тие капки од хемотерапии да воскресне во неаздравјето, да оздрави, и да и стокми сила сланата вода – хемотерапиите да не јабутнат, ако ништо друго барем од слушање знаеме како хемотерапијата делува начовекот додека ја прима.Еј болко, рано животна
на коленици ти паѓам,
не се поигрувај
со нејната вечност,
запомни и го минатото
та како во бајка
дај и илјада и една ноќ
и илјада и еден ден
тешко бреме
од стапки да источи,
птицата во жив песок легната
со ново крило да полета
та капинка и пуполка
во живот да си дочува.И уште еднамолба, овој пат до болката, до болеста, знаеме колку е тешко ракот да сеизлечи, може да го снема, па да се повтори на друго место, токму затоа е она дане се поигрува со нејната вечност или нејзиниот живот. Да и го запомни минатот,премногу истргала, доволно е, па нека се случи чудо како во бајка кога послесите перипетии што се случуваат, сепак крајот е среќен.. Споменат е жив песок,во моментот птицата се наоѓа токму како во жив песок, тој ја влече надолу а таасо цврста воља се бори да не пропадне во него. . Во случајов бројаката 1001 ноќи ден, е земена баш како од бајките и сакам да кажам ако веќе мора да гопреживува тоа што го преживува нека биде одредено време во кое болеста ќеистече од неа, ќе оздрави за да може во здравје капинката и пуполката да си гигледа и чува.Ете тоа е тоа,се надевам дека ова објаснување ќе направи и обичниот читател со друг поглед дагледа и на поезијата.

Славица Митровска-Цаци

12006110_10153310201994915_8813905857296797066_n

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.