Бела Ноќ

Пред нас е 11-то издание на манифестацијата БЕЛА НОЌ.
Влезот за сите настани е бесплатен!

ГЛАВЕН НАСТАН! :
THE STROJ (Словенија) – Плоштад ПЕЛА

На плоштад ПЕЛА, пред словенечките The Stroj, нашите THE PROTAGONIST! Почеток 20:30!


МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА:
20:30 -ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ
НА БЕЛА НОЌ 2015:

● Изложба: „Црвен петел – црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања“.
Изложбата претставува дел од култовите на плодност што се практикувале на територијата на Македонија од предисторијата до денес. Предисториските женски фигурини, античките садови и ламби ја претставуваат археолошката манифестација на овие култови. Култните места, коишто и денес се посетуваат за жените да го добијат посакуваниот пород, се прикажани преку текстови и фотографии.



● Настап на групата Џоломари од селото Бегниште – василичарски обред со маски.
Обичаите со маски, кои го обележуваат крајот на зимата и возобновувањето на природата, се полни со симболички ритуални дејствија, кои треба да обезбедат плодност на луѓето, стоката и посевите. Овие архаични обичаи се презентираат и со настапот и документарниот филм на групата со маски „Џоломари“ од село Бегниште, Кавадаречко.

● Настап на диџеј
Шурбе & Ѓорѓи Јаневски (Канал 103)

● МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Сексот и смртта, некогаш симболично претставени како божествени ликови на Ерос и на Танатос, денес се заборавени мермерни скулптури во музеите и златноврамени слики потемнети од времето – мртви нешта и испразнети форми на некогаш моќни сили кои што владееа со нас, а денес, притаени, одново чекаат да бидат разбудени.

Учесници:
Kирчо Арсовски
Атанас Ботев
Билјана Василева
Горјан Ѓорѓиев
Роберт Дандаров
Шќипе Мехмети
Јасминка Новковска
Александар Станкоски
Kрунислав Стојановски

Младински културен центар

ГАЛЕРИЈА МКЦ – 21:00

● ПРОТЕСТ – СЕКСПЛОЗИЈА
+ олтар на вагини
Изложба на Горјан Ѓорѓиев

Две изложби наместо ретроспектива
Во Галерија МКЦ и „Храм со кодирана порака„

МКЦ хол, плато – 21:30

● Антони Мазневски – Времено 52’ / Temporary 52’
-Дело во процес, уметнички чин што подразбира и дозволува повеќе начини на интерпретација, реализација и презентирање: перформанс (улично-галериски), фотодокументација, видеодокументација.
Идеопластички…..флека , брош, статус, симбол…жив морфем. Мобилна структура во постојана трансформација. Погледнато социолошки, едно поимање и естетика на појавувањето и исчезнувањето. Погледнато на атомско ниво, светот се појавува како едно сложено ткиво на настани во кои врскита од најразличен вид меѓусебно се надополнуваат, преклопуваат и комбинираат и со тоа ја одредуваат текстурата на целината.



МКЦ ПЛАТО – почеток 21:30

● Fusnota, Палиндром, Millko, Тело-Наука
Совршена, Tajcido , DJ Jona

Тело-Наука Совршена e македонска група оформена во раните осумдесетти години на минатиот век во Струга.
Името групата го добила по истоимената збирка на поезија (Тело-Наука Совршена) од Методиј Златанов (сегашен владика на МПЦ).

Во тоа време во тогашната држава СФРЈ се појавува нов бран во популарната рок музика под влијание на punk и postpunk музиката од западните земји.Струга e меѓу првите градови во тогашна СФРЈ каде што се појавува пaнк движење, од кое излегле неколку музички групи, како Dirty Boys и Дебелата Берта од кои покасно се формира Тело-Наука Совршена.Тоа се години на зачеток на некаков си нов национален романтизам во Македонија и трагање по сопствените корени.
Така доаѓа до синтеза на postpunk музиката и Византиската православна музика.Тело-Наука Совршена е меѓу првите групи која ја свири таа музика, заедно со Падот на Византија и Мизар. Името групата го добила по истоимената збирка на поезија (Тело-Наука Совршена) од Методиј Златанов (сегашен владика на МПЦ).Првиот состав:
Сашо Кленкоски(гитара и придружен вокал),
Звонко Наумоски(вокал и клавијатури),
Роберт Калајџиески(бас гитара) и
Наум Наумоски(тапани).Во оваа постава групата настапува на ЈУРМ (Југословенски рок момент) во Загреб и има настапи во Градишка, Бања Лука, Ниш, Скопје и други градови. Дел од нив заедно со групата Мизар.Тогаш излегува и првиот и единствен албум на Тело-Наука Совршена – Кадис, кој е првиот албум на македонски јазик, а е во издание на независната дискографска куќа СКЦ-ДОМ од Ниш. Групата во овој состав постои до средината на 87-ма година кога членовите заминуваат во армија.Есента се оформува втората постава на во состав:
Сашо Кленкоски(вокал и гитара),
Роберт Калјџиески(бас гитара),
Елени Новаковска (клавијатури) и
Антонио Гоџоски(тапани).Создадени се нови песни со кои групата настапува на ЈУРМ 89 и е финалист и победник на истиот фестивал заедно со групите “Обојени Програм” од Нови Сад и “Месершмит” од Пула. Таа година Тело-Наука Совршена е учесник и на фестивалот во Суботица каде што е финалист и настапува заедно со групите Архангел и Клержо. На 25мај има настап и на градскиот стадион во Скопје каде што настапува скоро цела тогашна југословенска сцена. На почетокот групата требаше да сними нов албум и да има турнеја низ Хрватска и Словенија. Но војната која започна го спречи тоа. Последниот настап во овој состав ТНС го имаше на 24 април 1992 год. во МКЦ во Скопје, каде што имаше самостоен настап. Групата имаше уште еден настап во живо, во состав првата и втората постава заедно, во Скопје 1999 во мај месец по повод прослава на МКЦ.Иронично, групата која го издаде првиот албум на македонски јазик,по распаѓањето на тогашниот југословенски музички простор не можеше да се пронајде себеси во новата сцена која се создаваше тогаш во Македонија, во која баш и немаше место за бендови како Тело-Наука Совршена. Така бендот престана да свири некаде во втората половина на 1992 година…


20:00
Горно фоаје на кино Фросина
-Мултимедијален перформанс:
East meets West
-визуелна арт-егзибиција, која претставува обид за поврзување на луѓето и културите од двете хемисфери, обид за размена на идеи, промоција на големи културни размени меѓу Истокот и Западот.
куратор:Kerwin Williamson
уметници: Kerwin Williamson, Abede Lovelace, Leni von Geleva, Лилика
Стрезоска, Јана Јакимовска, Василије
Смилевски
Писатели/поети: Никола Џилвиџиев,
Дубравка Смилевска
Музичари: Абе Ана Човече, Александар
Никодиновски

дансинг сала
● Сашо Поповски
– РЕАЛНОСТА НА ВИРТУЕЛНОТО/REALITY OF THE VIRTUAL
-мултимедијална изложба – светлечки кутии (light box). Проект што започнува со визуелна обзервација на развојот на матичните кутии на компјутерите.

● Дарко Заревски – изложба на две слики “Look, no hands” – (35х54; 85х44)
– Сирова комбинација од веќе постоечки мотиви со секојдневни елементи и форми на веќе еднаш употребени материјали. Патетично сек’нд хенд колажирање изведено со неколку тонови спреј и стенсил (шаблон).Интервенции врз смислата, барајки го само нејзиниот апсурд .

● Кристина Зимбакова – Потоморена револуција/Concealed Revolution
– Комбинирана техника на лично користен душек (акрил, јаглен, свила, лишаи Pseudoevernia sp. и Xanthoria parietina, потпрено на два примерока од габа Fomes fomentarius)

Плоштад Пела 20:30

● Модна ревија – модно студио Црнокрак

●Protagonist – The Protagonist се основани во ноември 2010 година од Р. С. Раш и Кузман. Нивниот деби албум „No Exit Museum“ (излезе во мај 2015 година за „Пасворд продукција“) е базиран на текстуално богати, интертекстуално содржајни и инспиративни концепти, од научна фантастика, драмски дела па сè до човечки и природни околности

●The Stroj (Slo) – „The Stroj“ е составен од осум перкусионисти кои користат неконвенционални „инструменти“ при создавањето на музиката, како метални буриња, искористени метални делови од машини и низа други делови, најчесто пронајдени по отпадите за стари автомобили.

УЛИЦА МАКЕДОНИЈА:

● Венета Иљовска – инсталација,
книжевно катче

МАЈКА ТЕРЕЗА, ПЛАТО:
20:30

● РЕБИС – Кореографија на улица/Street dance
-кореографии и деца од сите возрасти (од 4- 20 год.). Со овој тип на настап публиката се запознава со уличните уметности и танци.

21:00
● Ивана Атанасова – „Ќе има (ли) војна“
– театарски перформанс
-„Ќе има (ли) војна“ е кратка театарска фантазија којашто посочува прст кон толпата и нејзината масовно
хистерична моќ, а истовремено го
преиспитува индивидуалецот. Ги гледаме неговите борби и падови, камшиците на сметка на индивидуалноста, лузните од кажаното, гневот свртен кон себеси и борбата да се надмине сето тоа, барајќи го најсоодветниот одговор со кој тој, уметникот, располага – креацијата.

21:45
●Поетско читање – учествуваат: Ѓоко
Здравески, Андреј Ал-Асади, Давор Стојановски, Биљана Стојановска,
Владимир Лукаш, Гаврило
Миловановиќ, Даниел Карески, Марта Маркоска, Николина Андова Шопова, Снежана Стојчевска

НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА
21:00

● Изложба на Јасмина Новковска
насловена:
„Во кој свет живееме„

КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

● „Четири пози„

Автори:
Никола Мартиновски
Васил Василев
Мирослав Масин
Никола Ангековски

Дом на културата КОЧО РАЦИН
21:00

●Дороти Пачкова – проекција на документарен филм (30 мин.)
– Преку повеќе медиуми ги актуелизира темите од секојдневниот живот на единката поврзани со родовото прашање – родовиот идентитет, нарушениот перформатив на тема посветена на самохраните мајки-односно еднородителски семејства кои се соочени со бројни предизвици во секојдневната борба за базичниот егзистенс.

●Александар Лахтов – проекција на
краткометражен филм (9 мин.)
– Приказна за двајца биснисмени длабоко вмешани во валканите игри полни со измами, клевети и заблуди. Биснисмените, некогаш најдобри пријатели, вплеткани во мрежата на криминалот, одлучуваат да го земат законот во свои раце.

ШКОЛКА, ГРАДСКИ ПАРК
20:00

● ПАНК-РОК ФЕСТИВАЛ
Флукс , Тотално Опуштање, Културно Уметнички Работници, Hosenfefer, Psycho-Sonic Boris, Swatovski

Распоред на настапи:

08.00-08.30 Swatovski
08.30-09.10 Тотално Опуштање
09.10-09.50 Hosenfefer


09.50-10.30 Psycho-Sonic Boris
10.30-11.10 Флукс
11.10-11.50 Културно Уметнички Работници

АРМ:
● ЗДРУЖЕНИЕ НА КОПАНИЧАРИ
Изложба на копаничарски дела од автори од Македонија.
Делата ќе бидат со различна тематика како на пример: флора, фауна и други
мотиви.

КУРШУМЛИ АН
21:00

● Ана Димчевска – „Зигот“ – изложба
– акварел и темпера
-Изложбата „Зигот“ го зачнува перепетуалното прашање за човековото постоење преку создавањето, љубовта и социјалните бариери. Предизвиците пред изборот се длабоко интегрирани во делата, надополнети со чистиот естетски израз, отсликан низ етичкиот код
на суштествувањето.

Градска библиотека
„Браќа Миладиновци“- Скопје
21:00

● Музичко-поетска програма: Промоција на Библиографија на монографски публикации „Скопски писатели“ од Сузана Данаилова

ГАЛЕРИЈА ГРАЛ
Специјална поставка
Отворена цела вечер

КИНО МИЛЕНИУМ

● 24-часовен филмски маратон
-со почеток од 12:00 (3.10.) до 12:00 (4.10.)

ДКЦ во МКЦ
17:00 – 22:00

● Во временскиот интервал од 17 до 22 часот ДКЦ ќе биде отворен за активности како на пр. цртање, танцување, глумење (импровизации), едукативни игри, а со
децата ќе работат едукатори, кои се
непосредно одговорни за работилниците што се одржуваат во центарот.
Влезот во тој термин ќе биде бесплатен.

● Попладневно матине
во Зоолошка градина – бесплатен
влез од 17:00 до 19:00 часот

● Бесплатен транспорт со линиите 8 и 15А на ЈСП Скопје од 17:00 до 19:00 часот

● Бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП Скопје од 19:00, на сите линии кон центарот на Скопје

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.