Промоција на книгата „Темната соба“ од Исак Роса

Во вторник, 17.11.2015 г., со почеток во 20.30 ч. во кафе-книжарницата Магор ќе се одржи промоција на македонскиот превод на книгата „Темната соба“ со присуство на авторот Исак Роса.

Промотори на книгата се: Соња Стојменска – Елзесер и Наташа Аврамовска.

***

Група млади луѓе решаваат да направат „темна соба“: затворен простор што ја блокира сета светлина. На почетокот ја користат просторијата за експериментирање со нови врски, за анонимен секс без никакви последици, за игра и бегство од реалноста. Откако ќе се соочат со созревањето и последиците од сопствените одлуки, разочарувања и успеси, темницата станува простор за нивен емотивен одмор. Со текот на времето, општествената несигурност и личната ранливост стануваат дел од нивните животи, а темната соба се претвора во еден вид засолниште. Реалноста постепено навлегува внатре, додека некои размислуваат дека не е време за криење, туку за враќање на ударот, иако со своите одлуки можат да ги загрозат другите членови на групата.

Романот „Темната соба“ претставува книжевно истражување на можностите на темницата, но исто така и портрет на една генерација: портрет на оние чија верба во подобрата иднина замира. Преку животите на оние кои влегуваат и излегуваат од темната соба во текот на петнаесет години, го гледаме суровото будење на современата шпанска генерација која се чувствува прелажана.

***

Книгата е објавена со финансиска поддршка на програмата Култура на Европската унија.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.