Марина Мијаковска ќе учествува на „Меѓународен поетски самит“

Во организација на издавачката куќа Арте-Београд и писателот Миодраг Јакшиќ, во периодот од 26-29 ноември, ќе се одржи вториот меѓународен фестивал на кантавтори „Кантфест“ во Београд. На 28 ноември (сабота), во 16 часот, во Друштвото на писателите на Србија (Куќата на Џура Јакшиќ, Скадарлија), ќе биде одржан „Меѓународен поетски самит“ на кој учество ќе земат истакнати поети од: Србија; Бугарија; Словенија; Хрватска; Босна и Македонија.
Македонската поетеса Марина Мијаковска ќе учествува на „Меѓународен поетски самит“ и ќе се претстави со дел од творештвото.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.