Чудесниот бел прашок – сода бикарбона и нејзината намена во личната хигиена

Содата е фантастичен производ кој е лесно достапен, ефтин и повеќе наменски. Покрај намената во кулинарството, содата се користи за лична хигиена и како средство за чистење. Се надевам дека овие мали рецепти за употреба на содата во личната хигиена ќе ви бидат од голема полза, а повеќето уште веднаш ќе ги пробате.

Природен дезодоранс

Измешајте еден прстофат сода бикарбона со вода и нанесете под пазувите.Содата го оневозможува развојот на бактериите и штити од неугодни мириси.

Природен пилинг

Измешајте лажичка сода со лажичка мед и со лесни кружни движење истриете го лицето и телото, па потоа исперето со млака вода. Вашата кожа ќе биде свежа, глатка и затегната. Истиот ефект ке го добиете и доколку на намокрено лице се истриете со сода и потоа се исплакнете. Препорачливо е доколку имате сува кожа после пилингот да се намачкате со мрсна крема. Доволно е еднаш неделно да се направи овој третман и досадните познати црнки и акни ќе исчезнат.

Длабинско миење на косата

Понекогаш шампонот не е доволен за косата темелно да се измие. Едноставно, на рацете ставете сода бикарбона пред да го втриете шампонот и вашата коса ќе биде целосно чиста.

Купка за детоксикација

За опуштање на болните мускули и сјајната детоксикација, додадете во вашата купка филџан сода бикарбона и филџан еколошки јаболков оцет. Ако кожата на вашето тело е мошне сува, додадете малку базно масло по избор, со неколку капки од вашето омилено етерично масло.

Чисти чешли и четки за коса

Не само вашата коса, туку и вашите четки за коса стануваат подлога за таложење на остатоци од продуктите за коса. Спрејот за коса или природните масла од скалпот полесно ќе ги отстраните од четката ако ја потопите во топла вода со две лажици сода бикарбона.

Раце без остра миризба

Измешајте 3 лажички сода бикарбона со една лажичка течен сапун и истријте ги рацете за да ја отстраните миризбата од риба, лук или кромид.

Мека кожа на лактите и колената

Кожата на лактите и колената често знае да е груба и со крут изглед. Направете паста од малку сода бикарбона и вода и со неа истријте ги овие области од телото. Веднаш ќе забележите разлика.

Чисти и побели нокти

Ставете малку сода бикарбона на стара четка за заби и со неа исчеткајте ги ноктите на рацете и нозете. Со тоа, ем ќе ги омекнете кутикулите, ем ќе ги исчистите и избелите ноктите, кои често пожолтуваат од користењето на лакови за нокти во силни бои.

Побели заби

Врз пастата за заби на четката ставете малку сода бикарбона и измијте ги забите.Доколку не се брзате за излегување уште поефикасно е доколку во мал сад ставите една лажичка сода бикарбона и неколку капки лимон- да се направи паста.Од смесата се мачкаат забите со памукче и се оставаат така намачкани 2-3 минути.Потоа се плакнат со вода, а ефектот е веќе видлив.

Релаксирање на стапалата

Одморете ги стапалата по напорниот ден со мини бања од топла вода и 3 лажици сода бикарбона.

Освежување на здивот

Растворете една лажичка сода бикарбона во чаша со вода. Напијте се една голтка и шмукајте, а потоа исплукајте ја течноста. Миризбите во устата ќе бидат неутрализирани.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.