Глуварче – најдобар пријател на здравјето !

Глуварчето е  многу хранлива билка богата со витамини А, Б, Ц, со минерали (посебно со калиум, натриум и магнезиум) и со органски киселини.Пролетната салата од глуварче се прави од млади листови, кои се берат пред цветањето на билката. Во народната медицина, глуварчето се применува за јакнење на организмот и за чистење на крвта.Поволен е за женските болести, во спречување и лекување на болести на градите, цисти, отоци, како и со проблемите со доењето. Од него може да се прави чај, сируп, салата или вино.

Коренот од глуварчето има сложен хемиски состав. Млечниот сок содржи: хетерозиди, јагленохидрати, минерали, и други корисни состојки, па често се користи за лекување на камен во жолчната кеса, камен во бубрегот, за атеросклероза и многу други заболувања.

Шест чаши дневно, чај од корен од глуварче, наводно, може да лекуваат хепатитис.

Глуварче како додаток во јадењето

Младите листови од глуварчето може да се додаваат и на свежи салати, во чорби, од нив се прават вкусни и здрави сосови и се додава на месото печено на жар.

Коренот, од кој се прави чај, го прочистува и зајакнува телото, ја чисти слузницата на дишните органи, се користи во третмани за лекување на кожни болести, алергии, чиреви, анемија, намалување на холестерол и регулирање на менструалниот циклус.

Од цветовите се добива сируп кој има слична структура со медот, кој ја чисти и ја зајакнува крвта, а помага и при кашлица.

Чајот од младите листови помага при инфекции на уринарниот тракт.

За лек треба да се користи глуварче кое расте во чиста средина. Урбаното глуварче го филтрира загадениот воздух и ги апсорбира отровите, па затоа не се препорачува, бидејќи може повеќе да му наштети отколку да му помогне на организмот. Но, сепак не треба да се претерува со неговото конзумирање, како и со останатите растенија. Горчливата супстанца наречена траксацин, која е лековита, со прекумерно конзумирање може да предизвика дијареа и нарушување на срцевиот ритам.

Рецепт наречен “ЕЛИКСИР НА ЖИВОТОТ“

  • Наберете поголема количина глуварче од целата билка.
  • Смелете ја, а добиениот сок помешајте го со иста количина шеќер.
  • Измерете ја добиената количина.
  • Од вкупната количина додајте 1/10 вотка.
  • Оставете да отстои затворено во стаклен сад, на собна температура, 14 дена.

По изминати две седмици ќе добиете сируп кој е наречен “Еликсир на Животот“.

Може да го чувате во фрижидер и до две години. Се пијат 2-4 лажици дневно, и тоа првата лажица наутро на гладно, а останатите во текот на денот пред оброк.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.