Да не го допрев дното, никогаш немаше да станам човек (1)

„Секогаш сум тука за тебе.“ Никој не е тука за тебе, тоа нека е јасно. Никој не може да ја истрпи твојата тага наместо тебе, никој не може да ја почувствувата твојата болка наместо тебе и да рече „Навистина те боли“,  „ама не знам што да направам“, никој не може да ги облече твоите чевли и да ја изоди твојата избрана цел.  За секоја тага, а воедно и за секоја среќа сме виновни самите ние.  За секоја постапка во животот одговара сопственикот, така да ништо не е случајно во животот. Ниту една несреќа не е случајна, ако ти не си виновен некој друг е, тоа сигурно само што ти мораш да ја трпиш непромислената постапка на виновникот. Исто и за среќата сме се потрудиле самите ние, само Бог ни потпомогнал. Ништо во животот нема да ти дојде в раце, ако не посегнеш по тоа што го сакаш. Никогш успехот нема да ти дојде на врата и да ти рече „Еј, јас дојдов, знам дека ме сакаш“,  тој сигурно те чека некаде можеби на километар одалечоност од тебе, можеби два метра, но никогаш нема самиот да дојде. Ако духот во тебе е искрен со своите желби, ако навистина сака да го пронајде тој проклет успех за кој многумина животот си го жртвуваме, тогаш без размислување ке потрча по него. Но, тој нема да стои повторно на истото место, секогаш кога мислиш дека си близу до него, не заборавај дека ако не побрзаш тој повремено се поместува. Ако никогаш не се откажеш, верувај колку и да бега од тебе твојата упорност еден ден ќе го стигне. Но, сите потајно во себе го криеме тоа „човечкото око ненаситно“, така што кога успехот ќе ти ги помилува рацете и твоето его ќе биде на „некој начин“ задоволно, ќе почувствуваш поголема глад во твојата душа. Твојата потсвест ќе те тера да размислуваш на поголем чекор затоа што времето поминато борејќи се за тој достиг сфаќаш дека ништо не е недостижно. Продолжува

 

Напишано: Петранка Костадинова

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк