Предлог книга – „Најдоброто од мене“ од Николас Спаркс

Николас Спаркс е автор на доста познати љубовни романи: „Страници на нашата љубов“, „Порака во шише“, „Последната песна“ и уште многу други. Скоро сите негови книги може  да ги гледаме на нашите телевизори, но сепак книгата е незаменлива.

„Најдоброто од мене“ е книга која се чита, а не се гледа како филм. Според мене глумците им се промашени и се губи секаква смисла…

Краток опис

Сите сакаат да веруваат дека вечна љубов е можна…

Во пролетта 1984 година средношколците Аманда Колиер и Досон Кол доживуваат длабока, судбинска љубов која им пркоси на строгите правила на животот во малото гратче Ориентал. Досон е осаменик од едно озлогласено семејство и верува дека љубовта кон Аманда му овозможува бегство од мрачната судбина. Аманда, пак, е добра, богата девојка која планира да оди на студии. Таа во Досон гледа нешто што е блиско на нејзиното бунтовно, страсно срце. Но со крајот на школската година неколку непредвидени настани ќе ја раздвојат младата двојка и секој од нив ќе тргне по сосем различен пат…

По дваесет и пет години, Аманда и Досон се среќаваат на погребот на Так Хостетлер, човекот кој на времето ѝ дал засолниште на нивната средношколска љубов. Ниту еден од нив двајцата не го живее животот за кој сонувале… и ниту еден не може да ја заборави страсната прва љубов што засекогаш им го сменила животот. Додека ги следат упатствата што им ги оставил Так, Аманда и Досон сфаќаат дека сè што мислеле дека знаат – за Так, за себе и за своите соништа – не е такво какво што се чини. Принудени да се соочат со болните спомени, двајцата поранешни љубовници ја откриваат непобитната вистина за своите одлуки. И за време на единствениот, возбудлив викенд, ќе се прашаат длабоко во себе: Може ли љубовта навистина да го промени минатото?

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.