Изведба на популарната балетска претстава „Оревокршачка“

Во сабота, 16 и во недела, 17 јануари, 2016 г. со почеток во 12 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена популарната балетска претстава „Оревокршачка“. Се работи за детска бајка чиј автор Т.А.Хофман, дејствието го поврзал со празнувањето на Нова Година. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го пишува либретото, а музиката ја компонирала Петар Илич Чајковски. Се работи за едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени, по повод Новогодишните и Божикни празници. Бидејќи е популарна и сакана од младата публика, нашите две претстави се закажана во матине термини, односно во 12 часот.
Кореограф е гостинот од Русија, Василиј Иванович Ваинонен, сценограф, Анатолиј Нежњи, исто така од Русија, додека костимите се на Љупка Ристовска.
Во главните улоги ќе настапат првенките: Мими Поп Алексова-Атанасовска (на 16.01), Ивана Коцевска (17.01), а нивни партнер ќе биде Дојчин Дочев од Бугарија.
Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
Цената на билетите изнесува 150 денари и можат да се купат на билетарницата на МОБ, тел. 02/3 118 451, како и online на www.mob.com.mk

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.