ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДВОЈНА ИЗВЕДБА НА НАЈНОВАТА БАЛЕТСКА ПРОДУКЦИЈА „ОГНЕНИ ГРАДИНИ“

Чест ни е да Ве известиме дека во САБОТА, 30.01. и ВТОРНИК, 02.02.2016 г. во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе се одржи ДВОЈНА ИЗВЕДБА на НАЈНОВАТА балетската продукција на МОБ „ОГНЕНИ ГРАДИНИ“. Кореографијата е работена на музика од познатиот шпански композитор Мануел де Фаља. Кореограф е Џејмс Амар од Франција кој воедно ги скицираше елементите за либретото на претставата. Претставата е условно составена од три дела: Градините на Алхамбра, Градините на Кордоба и Маѓепсана љубов, а кореографијата содржи доста елементи од шпанските традиционални танци со нагласка на фламенкото. Сценограф е Зоран Костовски, а костимограф Александар Ношпал. Со оркестарот на Македонската опера и балет ќе диригира Бисера Чадловска.

Настапуваат: во Градините на Алхамбра: Саша Евтимова, Дафина Данилоска, Билјана Басмаџиева, Игор Веланоски, Дојчин Дочев (Бугарија), Мирослав Митрашиновиќ; во Градините на Кордоба: Мими Поп Алексова-Атанасовска, Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска, Васил Чичијашвили, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски;

во Маѓепсана љубов: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова-Атанасовска,  Васил Чичијашвили,  Мирослав Митрашиновиќ

Вокален солист е Ирена Кавкалевска, а солист на пијано е Дино Имери.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.