Информација за изведба на популарната оперска претстава „РИГОЛЕТО”

      Во сабота, 06 февруари, 2016 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, по подолга пауза, ќе биде изведена оперската претстава.

„Риголето“ се смета за една од најубавите музички драми во оперската литература и нејзиното либрето базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго (некаде се среќава и под наслов Човекот кој се смееше). „Риголето“, на прославениот Џузепе Верди

Во главните улоги настапува врвна солистичка екипа: во насловната улога Борис Трајанов, Ана Дурловски, Михајло Арсенски (кој живее и работи во Германија), Игор Дурловски и Ирена Кавкалевска.

Во останатите улоги ќе настапат: Ернес Ибраимовски, ДимеПетров, КатеринаСтојановска, ДраганАмпов,  ДејанСтоев, Александра Лазаревска-Василевски, ДесанкаГлигоријевиќ и Димитар  Кожухаров.

Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартиненги.

Цената на билетите изнесува 400, 500 и 600 денари и можат да се купат на билетарницата на МОБ, тел.02/3-118-451, online на www.mob.com.mk и низ продажната мрежа на www.mktickets.mk

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.