Twelve Moons of Jazz

Twelve Moons of Jazz е серија од 12 настани посветени на најдобрите џез состави од Македонија. Во организација на Digital.Millennium.Artists™ скопската публиката секој месец ќе има прилика да проследи по еден квалитетен џез концерт.
Разноликоста на бендовите во стилот на изразување и нивното творештво, сплотена во мелодијата на џезот, ветува шаренолик поглед во скришноста на уметноста низ нашиот град од сопственото незнаење.
Честа да го отворат овој настан го имаат Fierce, најновото освежување на македонската џез сцена, состав кој носи нова енергија и несомнено ќе биде еден од најдобрите македонски џез состави во периодот што следи. Fierce го сочинуваат Горјан Стојменовски (гитара), Виктор Филиповски (тапани), Марко Василевски (контрабас), Борислав Веселинов (саксофон) и Сенад Усеин (труба). Бендот го негува современиот (Contemporary jazz) џез призвук кој во моментот е интересен како за џез музичарите така и за слушателите. Fierce имаат настапувано на повеќе реномирани фестивали и настани во и надвор од државата со свој авторски материјал, од кој дел се наоѓа на нивниот албум објавен во ноември 2015та, а истиот ќе биде достапен на самиот настан.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.