Изведба на балетската претстава „Жизел“

Во сабота, 27 февруари, 2016 г. со почеток во 20 часот, во Македонската Опера и Балет ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина, „Жизел“. Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од  ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување. Во „Жизел“ ќе настапат: Мими Поп Алексова-Атанасовска, во насловната улога, Алберт: Бобан Ковачевски, Хиларион: Дојчин Дочев (Бугарија), Мирта: Ивана Коцевска, Селско Па де де: Андријана Петковски и Игор Веланоски            .

Настпуваат солисти, балетскиот  ансамбл и оркестарот на МОБ.

 Кореограф е Леонид Лавровски (Русија), диригент, Бисера Чадловска.

Билетите по цена од 300, 400 и 500 денари можете да ги купите на билетарницата на МОБ, тел. 02/ 3 118 451, online на www.mob.com.mk и низ продажната мрежа на www.mktickets.mk

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.