Гала концерт „За дамата… Гала вечер со кавалерите на МОБ“.

По повод светскиот ден на Жената, во вторник, на 8 Март, со почеток во 20 часот, Македонската опера и балет приредува концерт со симболичен наслов „За дамата… Гала вечер со кавалерите на МОБ!“

За концертот е подготвена специјална програма, составена од популарни арии и наполитански канцони кои ќе бидат изведени од „кавалерите-солисти“ на Македонската опера и балет. Покрај оркестарот на МОБ, ќе настапи и машкиот хор заедно со солистите Борис Трајанов и Марјан Јованоски (баритони), Зоран Сотиров и Марјан Николовски (тенори), Владимир Саздовски (бас) и „Трио Џентлмени“. По исклучителната изведба на сценската кантата „Кармина Бурана“, оркестарот повторно ќе го предводи младиот диригент Иван Еминовиќ, а со неколку изненадувања вечерта ќе ја збогати режисерот Дејан Прошев.

Македонската опера и балет на сите жени им го честита празникот 8 Март, а овој концерт ќе стане традиционален токму во нивна чест.

 Билетите по цена од 500, 600 и 700 денари можат да се купат на билетарницата на МОБ, тел. 02/ 3 118 451 и онлајн на www.mob.com.mk

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.