Промоција на третиот роман на Оливера Доневска насловен како „Цутот на црешите“

По објавувањето на автобиографијата „Жената со скршено крило“ каде авторот буквално ја соголи душата пред читателите и на емотивен начин без никакви описи ја раскажа нејзината борба со болеста на синот и борбата со карциномот кој ја нападна во 2011 година, денес таа се реши низ разни ликови да го опише чувството кое ја надвладува во време после примени терапии. Преку измислени ликови кои на Ана- главниот лик во романот „ Цутотот на црешите“ и поставуваат прашања а таа се обидува да им даде одговор, наликува како авторката да си дава сама на себе одговори.

За овој роман рецензентот Слаѓана Брезовска ќе каже:

На самиот почеток читателот е воведен во психолошка рамнодушност на главниот лик Ана. Вртејќи ја секоја следна страница Доневска ве води заинтересирано да зачекорите со сопствениот обид во одгатнување на гласната и внатрешна репетиција на Ана ” Зошто да не?” Минатото на главниот лик е сржта на овој роман кое е патоказ за одбивање на сопствената можност за посветла иднина. Во сегашноста која ја живее и “На парчиња свесно ја сече сопствената свест” додека провејува нејзиниот ироничен (внатрешен) дијалог со отсуство на чувства- поглед кон животот, изненадувачки расцветува за да го доживее крајот кој ретко кој читател може да го предвиди.

Промоцијта на романот ќе се одржи на 5 април во хотелот Опера хаус со почеток во 20 часот.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.