Twelve Moons of Jazz

Digital.Millennium.Artists Ве поканува на третиот концерт од серијата “Twelve Moons of Jazz”, овој пат Ви ги најавиваме култните Летечки Пекинезери.

Letecki Pekinezeri (Летечки Пекинезери) се “swing-jazz” бенд. Причината поради која се етикетираат како свинг бенд е затоа што свингот не го доживуваат како музички жанр. За нив свингот е ритмичен израз, па сметаат дека секој музичар има свој “свинг” и се остава на самиот него да пронајде начин како да го изрази.

Името го добиваат уште пред своето постоење. Една од причините за избор на името е прекршување на традицијата, каде џез бендовите најчесто носат име на некој од аристите од составот, или се именуваат според бројката на изведувачи во истиот. Клише кое ги прави предвидливи, и го убива звукот на колективот, со што ја прави џез музиката, музика за солисти….
Главни виновници за креирање на оригиналните и препознатвиви звуци на бендот се Бојан Петков (гитара) и Иво Солдатович (кларинет), но секоја песна станува целосна кога звуците на Петар Христов (тенор саксофон), Кирил Туфекчиевски (контрабас) и Славчо Коцев (тапани) се втопуваат едни со други и даваат една целина на секое дело поединечно.

Потпомогнато од: www.zlatendab.com.mk
Влез: 150 денари
Резервациja: +389 72 562 405

Картите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на:
http://www.mktickets.mk/
https://www.karti.com.mk/

http://dmamusic.mk/

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.