Светски ден на физичката активност

Глобализацијата и забрзаната урбанизација, начинот на исхрана и недоволната физичка активност се повеќе влијаат на појавата на хроничните болести, кои може да се превенираат, како што се кардио-васкуларните болести, мозочниот удар, дијабетот, некои видови рак, респираторнитe болести, како и гојазноста. Се смета дека 31% од светската популација се физички недоволно активни, додека кај возрасните овој процент изнесува 60%. Докажано е дека седечкиот начин на живот претставува фактор на ризик за многу хронични заболувања, вклучувајќи ги кардиоваскуларните болести, водечка причина за смрт во развиениот свет. Од друга страна, активниот живот е директно поврзан со бројни социјални и психолошки придобивки и е поврзан со продолжување на животниот век, бидејќи, луѓето кои се впуштаат во редовна физичка активност живеат подолго. Луѓето кои го имаат седечкиот начин на живот заменето со активен, изразуваат задоволство од физичкото и менталното здравје и подобар квалитет на животот.

Искуствата на докторите велат дека сè повеќе стануваме свесни за важноста на физичката активност. Здравиот живот станува приоритет за сè поголем број граѓани. Денес, на 10 мај се одбележува Светскиот ден на физичката активност. „Свесноста за потребата од физичка активност на популацијата кај нас се зголемува. Луѓето сè повеќе осознаваат дека физичката активност им носи голема корист во однос на нивното здравје, а тоа особено важи за луѓето кои имале некакви здравстени проблеми и кои по препорака на својот лекар ја практикуваат физичката активност со цел да го подобрат своето здравје.“ велат истражувачите. Според докторите, младите и децата до 18 години секој ден треба да се физички активни минимум еден час. За возрасните, доволно е да бидат активни барем пет дена во неделата со половина час вежби за да имаат добро физичко и ментално здравје.

slaba-fizicka-aktivnost-tocka-2015-02

Редовната физичка активност овозможува многубројни здравствени придобивки, односно ја подобрува работата на срцето и белите дробови, ја подобрува мускулната сила, спречува појава на остеопороза, го намалува нивото на холестерол во крвта, спречува повеќе здравствени состојби како: зголемен крвен притисок, дијабетeс, здебелување, срцеви коронарни заболувања, го зајакнува имунитетот, спречува појава на деформитети на телото, а воедно влијае на подобрување на расположението, спречува појава на депресија и го подобрува целокупниот квалитет на живеењето. Стресот значително влијае врз здравјето. Шетањето и трчањето го намалуваат стресот. Редовното вежбање ја одржува кондицијата на телото за да може да се справи со стресот (намалување на анксиозноста-реакција на стрес), го намалува крвниот притисок и ја регулира работата на срцето. Токму затоа, важно е редовно да практикувате физичка активност за да го заштитите и зачувате своето здравје.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.