Карл Малмвал од ИКЕА на Скопје Креатива 2016

Креативните индустрии како  форма на разнолико, креативно, но  и индивидуално дејствување во областа на архитектурата, визуелните уметности, литературата и издаваштвото, индустрискиот дизајн, мултимедија, изведувачките уметности, се веќе добро препознаени и идентификувани како исклучително перспективна, профитабилна област која нуди простор за широко презентирање на вештината, имагинацијата и талентот на поединци. По тој повод, препознавајќи го значењето на креативните индустрии  како  важен економски ресурс не само за бизнис заедницата туку и за развојот на градот, Конгресниот центар „Александар Македонски“ – Скопје со поддршка на градот Скопје и годинава по петти пат го реализира проектот – „Скопје Креатива 2016.“ Во рамките на проектот, обединувајќи ги креативците од земјава и Европа, под мотото Поврзи ме со креативност – Hum be with creativity“ од 9-11 јуни на просторот на Плаја Виста, ќе се реализира Фестивалот „Скопје креатива 2016“.

Ексклузивен гостин на овогодинешниот Фестивал е Господинот Карл Малмвал (дизајнер за мебел), еден од најнаградуваните ИКЕА дизајнери и мајстор за мали просторни решенија. Што се крие во паричникот на Карл Малмвал? Објектите што тој ги креира не ги опфаќаат само естетиката и функционалните барања, туку  истите ги подготвува за нивна успешна изработка. Карл цела декада стекнува  искуства работејќи за ИКЕА – осум години во Базел, три во Југоисточна Азија и една во Елмут. Тој се разбира во неколку работи поврзани со масовна продукција на мебел: Како дизајнот во рамките на финансиските лимити станува убаво и удобно столче? Каде се кријат клучните трошоци? Дали истите може да се редуцираат? Како мебелот соодветно да се спакува во пакетот за испорака? Секој оној кој секојдневно се занимава со овие прашања станува доволно мудар за да се справува со нивното спроведување во однос на својот џеб. Карл се родил и израснал во Смеланд (предел во јужна Шведска). Пред сто години неговиот дедо, Карл Андерсон, започнал да ја работи познатата Јускварна – фабрика за мебел. Како студент на Школата за архитектура во Архус, Карл ја дизајнира масата Прима виста, модел кој му ги отвори вратите за влез во индустријата. Токму поради тој дизајн тој ја доби својата прва награда за Одличен шведски дизајн.

Господинот Малмвал ќе се претстави со свое Мастер клас предавање: „Од суров материјал до рециклирање, од ИКЕА до решенија за мали простори“. За посета на оваа презентација треба да се регистрирате на „Скопје Креатива 2016“. Повеќе информации ќе можете да најдете на следниов линк. Учеството на презентацијата е бесплатна.

Додека повеќе информации за самиот Фестивалот и програмата можете да најдете на слендиов линк.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.