Викенд со културно богата програма

Овој викенд во Скопје предстојат многу интересни настани и случувања, изложби, театарски представи, летно кино, рок свирки и многу други настани.

Вечерва, на плоштад „Македонија“ е закажана рок свирка со бендот „Чил Плај,  македонски бенд формиран во Скопје составен од гитаристот Даниел Шилев и пеjачката Мила Миливоевиќ. Како кавер бенд тие се активни веќе 3 години со многубројни настапи во пабови, кафулиња и локали и со неколку настапи на фестивали низ државата. Репертоарот на овој млад бенд е составен од стари и нови хитови од различни жанрови како хип хоп, драм ен бејс, даб степ, кои се преработени во нивана поп – рок верзија.

Во рамките пак на Скопско лето е предвидена изложбата на слики на Зоран Чалија-Чарли од Србија. Изложбата ќе биде представена во фоаејето на НЛБ Банка, Скопје со почеток во 20:30часот. Покрај тоа, во тек е актуелното кафе кино кое е веќе започнато, а се одржува во Факултетот за ликовна уметност Сули ан, вечерва во 21часот, ќе биде представена драмата „Џо“ со Николас Кејџ во главна улога.

За сабота, пак е предвидена уште една свирка во рамките на проектот „Улични музичари и артисти“, овој пат со бендот „Нешо ау-бау, со почеток во 20часот на плоштад „Македонија“.Тие се млад кавер бенд од Скопје, кој во своето постоење има променето неколку состави за денес да има четири утврдени членови. Свират претежно рок кавери од 70тите па се до современи рок нумери. Бендот го сочинуваат: Бранко Велевски (соло гитара), Зорица Георгиева (вокал и ритам гитара), Марко Трендафиловски, (перкусии), Дарко Поповски (бас гитара); Редовно настапуваат на повеќе локации, меѓу кои, Shot bar Bezisten, Rock bar Krug, Rock bar Garson и Децата од нашата улица;

Во драмски театар, во склоп на Скопско лето, ќе се одржи театарската претстава „Кристофер Колумбо“ со почеток во 20часот, а во кафе кино ќе биде прикажана романтичната комедија „Аферим“ – почеток 21часот.

За недела, е предвидена Претставата за деца без родители и хендикепирани во 12часот, додека вечерта во 21часот уште едно филмско прикажување, овој пат тоа е анимираниот филм „Чуварите од Оз“.

 

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.