Нов сингл на „Пенелопе икс”

Деновиве музичката група „Пенелопе икс“ го објави својот нов сингл. Станува збор за композицијата „Leaving is Easy“, дело на авторите Џијан Емин, Гоце Стевковски, Гоце Јовановски и Бранислав Николов (последните двајца, членови на групата „Фолтин“).

„Пенелопе икс“ е независен, отворен проект на малку невообичаена група музичари, кој е произлезен како резултат од нивната заемна потреба да споделуваат креативни искуства. Формиран е во 2011 година кога заедно со Никола Коџабашија го издаваат албумот од истоимениот мјузикл „Пенелопе икс – Одисеј и неговите Жени“, а кој беше исклучително високо оценет во повеќе домашни и странски медиуми.

На линкот подолу можете да ја слушнете темата „Leaving is Easy“ која е своевидна најава за следното албумско остварување на оваа креативна и инвентивна групација

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.