Пази кого Љубов нарекуваш

– Знаеш те пратам…како си, каде си, со кого…ти го гледам лицето на сликите и доволно ми е да сватам како си!!! И се прашувам…Зошто ли замина среќо?! Зошто те снема?! Во најтешкото ми беше тука…помина и те снема, а сепак те има бе…кога и да затреба, која е таа сила што ти кажува каков сум и дали ми требаш пеколно?! И се појавуваш бе Љубов!!!

– Значи тука сум?! 🙂

– Тука си не велам Не, но знаеш…се прашувам по некогаш….Зошто не ми се јавуваш…макар да ти затребам за глупост, макар да ме отераш како што ти си знаеш…макар да ме насмееш бе… Наместо да ти гледам по зид и да се смеам со тебе!!! Или некоја порака од тебе едвај да чекам со некаков одговор..и толку…

– Знаеш ли дека знам дека си добар, знам дека ништо не ти е, Не ти требам среќо Јас во животов за среќен да си….знам дека можеш и без мене… Знам дека научи да живееш и уживаш…. Знам дека НЕ ти требам повеќе, освен за совет по некогаш…или ако пак заглавиш во лавиринтот… Знам дека тогаш ќе ме побараш пак…СИГУРНА сум во тоа!!! Знам и како ти е кога ќе ме наречеш Љубов и ќе ми кажеш дека си се сетил..се знам…. И мене ми е!!! Ама ме нема бе среќо….знам дека не ти требам, можеш и сам!!! Не ми даде ни причина повеќе за да останам!!! А знаеш не сакам да сметам!!!

– Не знаев!!! Мислев отиде други да оправаш…оти знам дека тоа е твојата мисија, мислев тука ќе си секогаш… Мислев не ме чувствуваш!?

– Љубов не нарекувам секого!

– Наречи ме како сакаш, но врати се!!! Не е исто со тебе денот поминат и со другите, муабетот не е ист!!! Елај си!!!

– Сега се знам Љубов, но доцна е… тргнав на друг пат, а ти тогаш ми посака среќа!!! Се сеќаваш?…

– Јас без тебе Не знам!!! Не знаев ни тогаш дека ете сум те испратил…Не знаев, но сега знам дека не мислеше да се вратиш….!!!!

– Ете сега знаеш!!! Патот тргнат треба да се изоди. И внимавај Љубов кого нарекуваш пак!!!

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.