Скопски летен ритам

Во рамките на Улични музичари и артисти, годинава ќе се одржи и проектот „Скопски летен ритам“, на централoто градско подрачје, односно на плоштадите Мајка Тереза пред пред објектот на Македонска опера и балет, на Плоштад ВМРО, Плоштад Филип Втори, Плоштад Македонија и на Плоштадот Богородица. На секој од плоштадите неделно, почнувајќи од вечер, со почеток од 20:30 часот ќе се одржат од 6 до 7 настани, истите во соработка со изведувачи солисти или музички групи од сите генерации, кои изведуваат жанровски и стилски разновидна музика. На плоштадот Мајка Тереза пред објектот на Македонска опера и балет ќе настапуваат изведувачи на класична и сериозна музика. На плоштадот ВМРО ќе има богата детска програма и во подоцнежните часови програма наменета за млади, на плоштадот Богородица ќе настапуваат изведувачи на фолклорна и етно музика, а на плоштадот Македонија ќе има богата програма од различни жанрови и за сите генерации.

Настапите ќе се одвиваат во петок, сабота и во недела, и ќе траат до крајот на месец септемви, а доколку се поволни временските услови настапите може да траат и во месец октомври. Програмата е разновидна и богата и е наменета за граѓаните и туристите, кои што во летниов период ќе престојуваат во нашиот град. Се очекува во рамките на овој проект да се одржат над 40 настани на кој ќе настапат околу 100 учесници

Целта на овој проект е културно заживување на централното градско подрачје преку урбаната култура и генерирање нова и стара публика преку квалитетна културно-уметничка програма која ќе ја надополни и збогати атмосферата и амбиентот на Скопје.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.