Македонска Филхармонија ви ја преставува ,,Бела ноќ”

И Македонската филхармонија, заедно со останатите културни институции, со пригоден концерт ќе се придружи во одбележувањето на манифестацијата „Бела ноќ“ за 25 години од Денот на независноста на Македонија.

Во среда (7 септември) во Домот на АРМ со почеток во 21 часот, оркестарот на Македонската филхармонија под палката на маестро Борјан Цанев, ќе одржи симфониски концерт на кој ќе ги изведе делата: Арија од Оркестарската свита бр.3 од Јохан Себастијан Бах, „Романса бр.2“ од Лудвиг ван Бетовен, каде како солист ќе настапи младиот виолинист Бојан Илковски, како и атрактивната Симфонија во ге-мол бр. 40 од Волвганг Амадеус Моцарт.

Влезот за концертот ќе биде слободен.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.