14 ЧАСА – СОВРЕМЕН БАЛЕТ (НАРОДНО ПОЗОРИШТЕ-БЕЛГРАД)

Кореографија и сценографско идејно  решение: Игор  Киров
Музика: Кирил  Џајковски
Режија  и либрето: Наташа Поплавска
Костимограф: Александар Ношпал
Асистент кореогрaф:проф. м-р Тања Вујисић-Тодоровска, Саша Евтимова
Дизајн на светло: Милчо Александров

Инспирирано од дуетот „Not too close“ на  авторско – изведувачкото дуо Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Ова современо балетско дело низ синџир од 12 сцени ќе ги разработи женско – машките односи преку ликовите на Лили и Марк

СИНОПСИС

Лили и Марк неочекувано на денот на прославата, 10 години од бракот, се судираат со суштинско преиспитување – наместо чиста љубов, во нив (а и кај другите парови, кои се нивни гости) се појавува недоверба, тага, радост, страст, меланхолија, револт, омраза, љубов, страв. . . И вечната дилема – што е ова што ни се случува?

Зарем сме тоа ние од пред 10 години. Низ интеракција со нивните пријатели се разоткриваат машко-женските односи такви какви што се – исконски, но и современи. Низ ланецот на дваесеттината слики кои се слеваат од една во друга ги препознаваме нивните емоционални дилеми и ги разоткриваме точките во кои се руши бракот. Огледалата, како тивок и незабележлив сведок на емотивните состојби, жестоко ни го откриваат паралелниот брак – оној кој Лили, Марк и нивните пријатели никогаш не го опсервирале, убедени дека секојдневието во изминатите години со ништо не се изменило. Во тие четиринаесеттина часа на преиспитување се случува трагиката на современиот машко-женски, брачен однос. Низ бурата која актерите ја поминуваат, на крајот, сепак, ќе победи љубовта!

Лили и Марк во последната сцена се повторно сами, изморени од љубовниот танц, но среќни дека денот на прославата бил само една епизода полна со преиспитувања кои успешно ги враќаат по патот на љубовта и среќата.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.