„ВЕЧЕР НА БЕЛКАНТО И РУСКИ РОМАНСИ“

Македонската опера и балет од почетокот на оваа сезона, во реновираните Салон и Фоаје на МОБ, воведува една убава практика. Тоа се настапи на наши и гости солисти, со свои рецитали. Веќе во понеделник, 17.10.2016 г. во Фоајето на МОБ, со почеток во 20 часот, рецитал ќе одржи нашата сопранистка, Александра Лазаревска Василевска, насловен како: „Вечер на белканто и руски романси“.
Публиката ќе има можност да ужива во една убава програма која се состои од следните дела:
Se tu m’ami – G. B. Pergolesi – Стара класика,
Nina – G. B. Pergolesi – Стара класика,
O Cessate di Piagarmi – A. Scarlatti – Стара класика,
Три ариети – V. Bellini
-Dolente immagine di fille mia,
-Il fervido desiderio,
-Vaga luna che inargenti,
Malinconia, ninfa gentile – V. Bellini – Стара класика
Я тебе ничето не скажу – П. И. Чајковски – Руска романса
СредЬ шумного бала – П. И. Чајковски – Руска романса
Я ли в поле да не травушка бЫла – П. И. Чајковски – Руска романса и
Русалка – А. Дворжак – Арија
Пијано придружбата е на Андреј Наунов, а режисер на рециталот е Дејан Прошев.
Влезот е слободен.
ОМАНСИ“

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.