Џакомо Пучини ТУРАНДОТ

Сите ја знаат “Nessun dorma“,  но дали секој ја знае приказната за „Турандот“!? Последното дело на најпознатиот автор на оперскиот веризам Џакомо Пучини, или една од најубавите негови опери, љубовната бајка „Турандот“, во вторник 18 октомври, 2016 г. со почеток во 20 часот, во реновираниот Салон на Македонската oпера и балет.
Годинава на 25.03. „Турандот“ имаше нова премиера, со нова авторска екипа, нова режија, сценографија и костимографија и наиде на одличен одѕив, како кај публиката, исто така и кај критиката. Во новата продукција на „Турандот“ во вторник ќе настапат: Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, во улогата на Калаф, кој ја интерпретира прославената арија Nessun dorma ќе настапи Ѓорѓи Цуцковски, Лиу: Сандра Митровска, Тимур: Игор Дурловски, Пинг: Кристијан Антовски, Панг: Дарко Нешовски, Понг: Дејан Стоев, Мандарин: Славчо Димовски, Алтоум: Марјан Николовски, Принцот од Персија: Дарко Нешовски, Џелат: Тихомир Јакимовски.
Режисер, сценограф и костимограф е Џанкарло дел Монако од Италија, инаку син на прославениот тенор Марио дел Монако, а диригент: Бисера Чадловска.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.