ЏАМПЈЕРО СОБРИНО (Италија) – каларинет 22.10.2016 / 20.00 ч. / ДОМ НА АРМ

Македонската опера и балет од почетокот на оваа сезона, продолжува со убавата практика за настапи на наши и гости солисти, со свои рецитали и концерти. Веќе во сабота на 22 октомври 2016 г. со почеток во 20 часот, во Домот на АРМ, концерт ќе одржи гостинот од Италија кларинетистот Џампјеро Собрино. Како гостин на концертот ќе настапи нашата првенка Славица Галиќ-Петровска.
Публиката ќе има убава можност да ужива во една интересна програма, составена од дела на класиците од Гаетано Доницети и Волфганг Амадеус Моцарт.
Г. Доницети – “Concertino b flat major” – за кларинет и оркестар
В. А. Моцарт – Motet “Exsultate” изведува: Славица Галиќ-Петровска
Џ. Верди/Л. Баси – “Fantasia da Rigolleto” – за кларинет и оркестар
В. А. Моцарт – La Clemenca di Tito – арија “Parto, Parto….”
Изведуваат: Славица Галиќ-Петровска и Џампјеро Собрино(Италија)
Ќе ги придружува оркестарот на Македонската опера и балет. Концерт мајстор е Верица Ламбевска, режисер: Дејан Прошев, а диригент: Бисера Чадловска.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.