Повик за учесници на обуки за вештини за млади

Младински образовен форум – МОФ во соработка со Институт за европска политика – ЕПИ отвора повик за учесници на обуки за вештини за млади, во склоп на  проектот Градење на следната генерација на млади лидери (Building the next generation of youth leaders). Обуките ќе се спроведуваат во Скопје, во периодот од 29-ти октомври до 18-ти декември 2016. Ќе се реализираат два различни циклуси на обуки: Циклус обуки за претприемништво и Циклус обуки за граѓанска ангажираност, а секој апликант може да аплицира на еден од двата циклуси. Обуките се дводневни и ќе се реализираат за време на викендите.

Циклусот на обуки за претприемништво се состои од следните модули:

  1. Kомуникациски вештини и односи со јавност
  2. Претприемништво и пишување на бизнис план
  3. Водење и растење на бизнис
  4. Тимска работа, лидерство и мотивација
  5. Маркетинг и оналјн маркетинг
  6. Стартапи и нови бизнис иновативни технологии

Циклусот на обуки за граѓанска ангажираност се состои од следните модули:

  1. Аргументирано изразување и дебата
  2. Управување со проектен циклус
  3. Водење на НВО и развој на проекти
  4. Истражување, мониторинг и евалуација
  5. Организација на настани
  6. Младински активизам и граѓански иницијатви

За учество апликантите треба да ги исполат следните услови:

  • Да се невработени и да се во потрага по работа;
  • Да се апсолвенти или дипломирани на возраст од 21 до 26 години;
  • Да покажуваат интерес за создавање на старт-ап, започнување на бизнис, креирање на граѓански иницијативи или вклучување во идните активности поддржани од проектот. Да покажуваат интерес, разбирање и решавање на клучни младински проблеми на локално и национално ниво;
  • Да се во можност да ги посетат сите шест обуки од избраната трака.


obuki-mof-posterСите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 7ми октомври, 2016 година, преку испраќање CV и пополнета апликација на bojana_nizamovska@mof.org.mk. Апликацијата може да се преземе од следниот линк

Бројот на учесници е ограничен. Изборот на учесници ќе го врши комисија составена од претставници на Младински образовен форум и Институт за европска политика. Предност имаат апликантите кои се високо општествено ангажирани. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни тренери од Младински образовен форум, Институт за европска политика и нивни партнерски организации. Сите учесници кои ќе ги посетат обуките ќе добијат сертификат.

Низ програмата учесниците ќе се групираат во тимови и ќе имаат можност да аплицираат со предлог бизнис план или предлог проект за граѓанска иницијатива. Најдобрите три предлог – концепти ќе бидат реализирани до јуни 2017 година со менторство од искусни професионалци во бизис секторот и граѓанскиот сектор.

Обуките се овозможени со поддршка на Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).

 

Превземено од Радио МОФ

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.