СВАДБА

Свадба е чин во кој шо двајца своеволно ја окончуваат својата љубов, а уште 100 души се праат летва на нивна сметка од истата причина.
Матичното и Ц рквата ќе ги изоставам у текстов, а ќе му дадам посебно внимание на сето она шо се дешава у ресторанот и дешавките таму (а ги има многу)
На сам старт се почнуе со сликање. Можеби најтапа делот од цела свадба е тој.
Зетот и невестата имаат фиксна фаца за сликање некој саат време, а невестата е посебно нервозна затоа шо секој на влезот сака да ја гушне и баци на нејзиното напудрено лице, или шо би се рекло толку од шминката која и не ја плати баш ефтино.
На влезот најсреќно е деверчето кое со гордост ги прима пликоата од ценетите гости.
Свадбата може да започне. Музичарите ко програмирани ги повикуваат коловоџите.
Песна за зетот, па за невестата, па за кумот, па за старосватицата, па за дедото и свекрвата …. почнува да се загрева атмосферата,ќе биде весело.
Додека ги дрмаш првите две три ударни ракии на маса, мудро гледаш на оро која од сваќите ќе ти фати око за веќе у следното да се фатиш до неа и у ист ритам идеш три напред – две назад:)
Коа е почнат побрзите ора увек се истакнуваат по два тројца играорци кој како да се претплатени за свадба, просто трчаат низ цела сала и за 10 минути се праат утоп.
Скоро на секоја свадба има по една пијана будала шо замара гости и на камерманот му кажуе шо да снима. Е таков пијан сват обично игра ко нинџа, праи неартикулисани потези и салта низ цел ресторан. Смешни се за глеање, ама па не е у реду да ти го заебат денот шо си го чекал долгооо време. Истиот тој или па можеби некој друг може да го земе микрофонот и да ги држи заложници сите на свадбата. Пее ко од бунар, а он мисли дека е Павароти.
И одеднаш музичарите повикуваат пауза во која ќе се дели свечената вечера.
Кутри зет и невеста немаат време ни да јадат зашо треба од маса на маса да наздрават со сите гости и да им посакаат убава вечера:)))
После вечера следат познати рефрени од кои треба да ти се симне јадењето.
Искрено поштувам свадби во кој шо вториот дел ќе биде рок журче и сите убаво да се изнарипаат, отколку турбо фолк рефрени и да се осеќаш ко на новогодишната ноќ на Пинк телевизија.
Следи фрлање на бидермаер. Е тука е најголемиот сеир. Некој 20 жени од сите профили.
Две или три увек се двојат. Едната е висока 1.80 и плус штикли од 10 сантима и плус раце ко шпагети, и таа истата застанала најнапред и гордо чека. До нејзе некоја разведена , ама утепана пак да се омажи мислејќи дека бидермаерот е фактор за тоа:)  А  до нив уште една цуца дојдена со дечкото на свадба,умрена од желба она да го фати со шо би го натерала дечко и да го убрза процесот на запросување:))))
Следи после сечење на торта и редици за парче. Знам за една дешавка од свадба баш за тој моменат.. Свекрвата цела ноќ ја тероризирала снајката, а врв се десил коа на сечењето торта цело време ја буцкала и штипкала за половина велејќи и да сече потенки парчиња.
На младата невеста и дошло се преку глава и пукање тортата у фаца на свекрва и.
Видел зетот и наљутен ради потегот на идната му жена гордо и дал нокаут на истата.
Ко виделе сватовите шо се дешава, рипнале на зетот и него го стаиле у нокаут и почнало општа туча, групно мавање од двата табори. Свадбата нормално се прекинала зашо немало уште на старт знаци за заеднички живот:)))
Или па дешавка на свадба кај шо дедото го начекува неговиот иден зет како мед у WC  како се стиска со друго машко. Разочаран ја откажува свадбата на микрофон. Абе бруки и смешки ….
Кај нас има многу парадокси околу свадбата. Ко некое непишано правило е дека посиромашните праат големи свадби со многу луѓе, а побогатите интимни свадби во кој шо не се расфрлаат многу кеш. Не  можам да ги сфатам тие шо зимаат кредит за да праат свадба, тоа ми е необјасниво едноставно. Ај  да земеш кредит за кола да купиш, за кујна да купиш ….. ама за свадба бе??????  Свадба на која некој на крај сигурно ќе ти најде замерка од типот дека се било убаво освен оризот у вечерата дека бил жив:))))))
Три работи не ми се јасни за свадбите кај нас.
Зашо на циганските свадби има поише евра него на сите можни свадби,а следниот ден немаат леб да јадат. Пејачот шо им пее испод 5000 евра не е,и не му се глеа лицето од банкноти и валути:)))
Зашо при крај на свадба сите припаднички на понежниот пол ги вадат кондурите и штиклите и играат боси?? Па тоа уопште не е убаво,како прво од хигиенски причини,а како второ шо има да и ги глеам ја табаните на некоја пијана кокошка?????
Трета и нај језива ствар е да видиш како куп пијаници пијат алкохол од кондура.
Како може да пијат од чевла шо некој цел ден ја носел, играл у неа и ја потел …за на крај да послужи како средство за пиење. Трепки паѓаат од шо му мириса чевелот, а они гордо се налеваат и се смеат ко ретардирани. Абе ум со инка не се сипа …јебига:))
На крајот да резимирам и да кажам дека свадба е супер дешавка која останува врежана во срцата на младите на овој или оној начин.
После завршување на истата одат заслужено на прва брачна ноќ да праат деца.
Се заебаам бе,какви деца праење …таа вечер се знае шо се праи ….СЕ БРОЈАТ ПАРИ :)))))

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.