Работилница за слем поезија и театарска акција

Здружението за локален развој „Акција Плус – Ресен“ во рамките на иницијативата „Со активни млади до побогат културен живот во Преспа“, поддржана од Националниот младински совет на Македонија, во рамките на проектот http://www.mrdnisoprst.mk/ објавува повик за учество на првите работилници од серијата работилници за слем-поезија и театарска акција кои ќе се одвиваат во текот на наредните две недели.

Првата слем-работилница ќе се одржи на 28 јануари 2017 год. со почеток во 11 часот во просториите на Здружението за локален развој „Акција Плус – Ресен“, а ќе ја води поетесата Елена Пренџова.

Првата работилница на театарската акција ќе се одржи истиот ден, на 28 јануари 2017 год., со почеток во 14 часот, исто така во просториите на Здружението за локален развој „Акција Плус – Ресен“, а ќе ја води Ана Милошеска.

Ги повикуваме сите заинтересирани млади луѓе од Ресен и Преспа на возраст од 17 до 25 години да се пријават за учество на работилниците, секој работен ден од 10 – 15.30 часот во просториите на здружението, на тел. 078-625-966 или на е-маил akcijaplusresen@gmail.com

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.