Ана Бунтеска го прослави својот роденден со читателите

Вчера, 23.01.2017, писателката Ана Бунтеска, во Клуб Матица ги потпишуваше своите дела „Стави лајк на сопствениот живот“ и најновата „Колку е потребно за среќа“. Ана одлучи денот да го помине со читателите и заедно да го прослават нејзиниот роденден. Ана со години придонесува кон збогатувањето на културниот живот кај нас, со пренесување на емоциите што се дел од секојдневието и реалноста, емоции и чувства што допираат до се повеќе читатели. Таа со посетителите ги сподели следните зборови:

„колку треба за да ти игра срцето
и очите со смеа да ти се наполнат

колку е потребно да му се насмееш на денот
та да си читаш навечер кога тивко е
и со книжулето под перница да спиеш…“

Саемот „Книга во секој дом“ секоја година го посетуваат повеќе од 30.000 посетители, а покрај во Скопје, љубителите на книгите ќе уживаат и во книжарниците во Охрид, Струмица, Штип, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Куманово, Струга, Гостивар, Неготино, Делчево, Кочани и други градови.
Читањето е феномен на масовната комуникација.
Книгата е пријател, инспирација и учител.

КНИГА ВО СЕКОЈ ДОМ
читај, патувај, откривај, истражувај…

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.