Чупино Брдо

На 19.03.2017 (недела) ДПС Трансверзалец Скопје организира искачување на Чупино Брдо.
Билино планина со Герман и Чупино Брдо (планински масив), со највисок врв Чупино Брдо (1703 м). Често, Герман се смета за одделна планина иако релјефно не е сосема издвоена од Билино. Чупино Брдо е граничен рид меѓу Р.Македонија и Р.Србија.

Стартот на акцијата е од Метешевски Преслап (1.250мнв), продолжува преку врвот Ретки Буки(1.525мнв) се до врвот Чупино Брдо (1.703мнв). Враќањето е по истата патека.
Поаѓање: 06:00 од паркингот пред Поштата на Железничка станица – Скопје со организиран превоз;

Акцијата спаѓа во средно тешки акции со должина од 22км вкупно во двата правци, и 8 часа пешачење.

За рекреативци има можност за движење по лесна патека на Билина планина со должина од 10 км, во траење од 4 часа вкупно и 300мнв искачување.

Напомена:

Учесниците задолжително треба да се водат спрема инструкциите на водачите. Не е дозволено отстапување од програмата без дозвола од организаторот. За искачувањето потребна е соодветна психофизичка подготвеност на учесниците. Секој учесник учествува на сопствена одговорност.

Исхараната е од ранец. Вода треба да се носи задолжително најмалку 1.5л. Вода има на две места под врвовите на патеката. Учесниците треба да поседуваат планинарска опрема во согласност со временската прогноза.

Превозот е организиран со комбиња од Скопје.

Цена: 500 денари

Информации – Зоран Костадинов 070/641-998
Пријави и уплати најдоцна до петок 17.03.2017 год до 21 ч. Карти може да се набавата во продавницата пред студентскиот дом Кузман Јосифовски – Питу.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.