Јубилејна успешна приказна: 10 години VIVAX во Македонија

Денес, 7ми април, во ресторан „Камник“ во Скопје, тимот на VIVAX  во уникатна атмосфера, со одбележување на традиционалниот настан „VIVAX COOL DAY“, прослави јубилејна прослава по повод 10 години од неговото постоење во Македонија, и успех кој веќе трае една деценија.

„VIVAX COOL DAY“ се одржува на годишно ниво, во сите земји од регионот, настан кој е веќе препознатлив, каде се презентираат сите новитети кај VIVAX клима уредите.

На настанот свои презентации и обраќања имаа главниот продукт менаџер за VIVAX од Хрватска – Марко Барун, Жељко Башиќ –  одговорен за сервисна поддршка за цела групација, а свој збор имаа и Мирослав Хузјак – претседател на управен одбор на М САН групацијата, генералниот директор на ПАКОМ Компани – Маргарета Гњатовиќ Спиров,  Зоран Гавровски –  комерцијален директор и Филип Трифуновски – продукт менаџер во ПАКОМ Компани.

За време на јубилејната прослава беа присутни повеќе од 120 партнери на ПАКОМ Компани, кои покрај тоа што ги запознаа новитетите кај VIVAX клима уредите, имаа можност да се запознаат, дружат, учествуваат во натпревар во стрелање и да добијат вредни награди.

ПАКОМ Компани во својата дистрибутивна мрежа има 450 партнери, од кои 350 се VIVAX партнери, a во својата сервисна мрежа има 35 партнери.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.