Филип Димкоски во книжевна посета на Хрватска

Младиот македонски поет Филип Димкоски во првата половина на јуни ќе има неколку книжевни настапи во Хрватска. На 4 јуни ќе одржи час во природа со студентите од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб кои изучуваат македонски јазик. Освен поезија на Димкоски, ќе се чита поезија и од други македонски поети.Часот е по покана и во организација на проф. Инес Цебовиќ.
На 5 јуни пак, во библиотеката „Август Цесарец“ во Загреб, со почеток во 18.00 часот ќе се одржи настан на кој ќе биде промовирана книгата „Божилак на исконот“ од Филип Димкоски и ќе бидат претставени српското и бугарското издание на книгата. Песната „И каменот има душа“ ќе биде прочитана на десет словенски јазици (македонски, српски, бугарски, хрватски, словенечки, полски, чешки, словачки, украински и руски).

На 9 и 10 јуни Димкоски ќе настапи на Меѓународниот поетски фестивал „Морето на дланка“ што ќе се одржи во Пула и во Ровињ. Наградата за најдобра песна во регионот посветена на ромите, што му беше доделена минатата година на Меѓународниот саем на книгата во Белград, му овозможи настап на овој фестивал.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.