Брачна игра 4 и 11 декември 19:00

БРАЧНА ИГРА“ МИРИСА НА НЕШТО ЕПТЕН ЛИЧНО Брачна меланхолија!? Здодевност!? Баруштина!? Очај!? Здодевност!? 50 години!? Хистерија како гром од ведро небо!? Караница!? Здодевност!? Брачни проблеми!? Тоа па тоа!? Кој е лудаков!? Здодевност!? Што бара во мојот живот!? Џилијан и Џек!? Весна и Игор!? Јасна и Перо!? Маре и Нико? Тука? По градов? Некаде во соседството? Бла бла бла… Кај на сваќата внуката од брат? Кај кумовите? По дома? А? Познато? Мириса на нешто лично? Мириса на нешто многу лично! Брачна игра на Едвард Олби гарантира феноменално патување низ нервниот систем на Џилијан и Џек! Конфликт до коска! Тешки прашања сѐ уште без одговори. Психоанализа до баналност! Трагика до комичност! Љубов до омраза! Брак до развод, и назад! Феноменална забава, божем на туѓа сметка. Тоа е тоа! Џилијан и Џек, како Весна и Игор ИЛИ Весна и Игор како Џилијан и Џек!

Извршен продуцент: Симона Угриновска
Продуцент: Виолета Дамевска – Ѓоргиева
Преведувач од англиски: Весна Петрушевска
Костимограф: Елена Пандева
Изработка на костимите: Модно студио – Елена Лука

Улоги:
Џилијан – Весна Петрушевска
Џек – Игор Џамбазов

Facebook event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.