Премиера – MAMMA MIA!

Колку и да тежнееме кон вистината, доблеста, толку тегот нѐ враќа наназад во средина ментално загадена со политика, со немир, токму како јунаците во пиесата Говорна мана.

Ликовите од Говорна мана едновремено пигмалионски стануваат и актери и публика на една драма на расцеп, нивни обид за промена, па и губење на идентитетот и тоа во моментот кога се судираат две наизглед неспојливи крајности — законот на сцената и законот на политичката моќ.

Текстот ни дава можност да се судриме и да се запознаеме со човек чија кариера ветува да полета кон самиот врв и за тоа бара помош од театарската илузија.

На другата страна е актерот што е пред крајот на својата кариера, кој пред општествената и политичката реалност силно ги затвора очите, сѐ дури околностите не го натераат на спротивното …

Автор: Горан Марковиќ
Режисер: Драгана Милошевски-Попова

Улоги:
Мишел ― Игор Џамбазов
Славица ― Сашка Димитровска
Петар ― Ивица Димитријевиќ
Актерка ― Арна Шијак
Актерка ― Ана Стојановска
Актерка ― Билјана Јовановска

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/pretstavi/govorna-mana

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
*Цената на билетот e 300 ден. и слободен ден за студентите

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.