Предновогодишен хуманитарен базар на ракотворби

Во пресрет на новогодишните празници, израдувајте се себе си и израдувајте ги вашите најблиски со најубави, уникатни и рачно изработени подароци. На 22.12.2017 во Нано Бар, Дебар Маало од 17 до 22 часот ке се одржи предновогодишен базар на ракотворби на кој ке бидат изложени уникатни, рачно изработени, декоративни предмети, накит и украси, изработени со многу љубов и внимание. Но она што го прави овој базар посебен и зошто мора да го посетите е тоа што со секој купен производ вие ке имате можност да израдувате две дечиња и една мајка кои живеат во услови неповолни за нормален живот. Ова семејство пред неколку месеци ја изгуби младата Елена поради тешка болест. Освен преголемата болка и тага поради загубата, тие се соочуваат и со финансиски проблеми. Наша цел е да им овозможиме барем пристоен дочек на новата година, да им подариме насмевки на лицата и да им покажеме дека не се сами. Дојдете посетете не и подарете радост, за поубав почеток на новата година..

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.