Falcon Heavy – Директен пренос од лансирањето

По повод првиот лет на моментално најмоќната ракета во светот, Фалкон Хеви (Falcon Heavy) на SpaceX, Скопско Астрономско Друштво организира пренос на настанот во живо.
По скоро седум години активни подготовки, тестирање и прилагодување, ракетата е конечно подготвена. Главната мисија е испраќање на терет (во овој случај тоа ќе биде Тесла Роудстерот на Елон Маск) во орбита на Марс. Исто така, очекуваме и автономно слетување на трите први ракетни стадиуми назад на Земјата.
Придружете ни се овој вторник (06.02.2018) со почеток од 19 часот, во Кафе Ли, каде во опуштена атмосфера заедно ќе го просведочиме историскиот настан. Пред почетокот, ќе имате можност да дознаете повеќе информации за важноста на ова случување и да поставувате прашања околу сѐ што ве интересира. Настанот е бесплатен и отворен за сите, а Скопско Астрономско Друштво е во секое време отворено за нови членови. Ве очекуваме!

*Напомена: Со оглед на големиот број фактори кои би можеле влијаат на лансирањето, постои можност за негово одложување. Но, не дозволувајте тоа да ве обесхрабри! Настанот во Кафе Ли ќе се одржи без оглед на тоа и, наместо директниот пренос, ќе гледаме други поврзани видеа и ќе се дружиме.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.