Кавалерија Рустикана / Cavalleria Rusticana – P. Mascagni

07.02.2018 / 20.00 ч.
КАВАЛЕРИЈА РУСТИКАНА – Пјетро Маскањи (опера)

Содржина:
Вечер пред Велигден во сицилијанско село.
Младата Сантуца се упатува кон куќата на Лучија, мајката на Туриду, човекот кој таа го сака, а во чија љубов се сомнева, сo цел да разговара со него.
Но, наместо разговор, таа ги гледа Туриду и Лола како тајно се среќаваат.
Лола е жена на коларот Алфио. Туриду, пред да замине во војска бил свршен со Лола, но во меѓувреме таа се омажила за имотниот Алфио.
Туриду после враќањето од војска разочаран, бара утеха во прегратките на селанката Сантуца.
Сантуца, сега веќе грешница во очите на селаните, останува сосема сама, отфрлена од сите. Таа неможејќи да ја совлада љубомората и кажува на мајката на Туриду Лучија, каков грев сторил нејзиниот син.
Доаѓа и Алфио, кој после долго патување се враќа во селото и кажува како и тој го видел Туриду покрај неговата куќа.
Зборовите на Сантуца и она што го слуша од Алфио, ја фрлаат мајката Лучија во сомнеж и страв.
Доаѓа Туриду, Сантуца сака да зборува со него, но е спречена од Лола која кокетира со Туриду и заедно со него оди во црква.
Сантуца, пред која селаните ги затвораат црковните врати, останува сама. Наидува Алфио и таа му кажува за прељубата на неговата жена. Тој ветува одмазда. Дури тогаш Сантуца сфаќа што сторила, но веќе е доцна.
Со цел да го спаси својот сакан и да си ја врати честа пред селаните, таа оди да ги викне карабинерите да го спречат Алфио во одмаздата и да го спасат Туриду.
После црковната служба, Туриду ги поканува другарите да се напијат во неговата крчма. Доаѓаат и Лола и Алфио. Туриду ги гледа како танцуваат.
По острата расправија, Туриду и Алфио решаваат да излезат на двобој.
Туриду веќе нема излез. Тој и се обраќа на својата мајка со молба да ја чува Сантуца, ако тој не се врати.
Мајката Лучија сеуште не сфаќа што се случува. Сантуца доаѓа доцна со карабинерите.
Се слуша само:,,Туриду е мртов“

Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Џандоменико Вакари (Италија)
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Елена Дончева
Светло дизајн: Васил Лисичов
Концерт мајстор: Јане Бакевски
Хор мајстор: Ѓургица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Асс. диригент: Катерина Стојковска
Асс. режисер: Алесандро Идонеа (Италија), Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски
Корепетитори: Елена Сиљановска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов

НАСТАПУВААТ:
Сантуца: Сандра Митровска
Туриду: Зоран Сотиров
Алфио: Ристе Велков
Лола: Катерина Стојановска
Мајка Лучија: Марика Поповиќ

Кавалерија Рустикана од Пјетро Маскањи
Опера во еден чин
Прељуба, љубомора, одмазда = Трагедија

Билетарница на МОБ: 02 3118-451
онлајн: www.mob.mk

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.