Шехерезада / Scheherazade – N. Rimsky-Korsakov

Кратка содржина:
Царот Шархијар се одмара во својата одаја. Неговиот брат шахот Заман го забавуваат харемските девојки со песна и игра.

 Шахријар е заинтересиран само за својата миленичка Зобеида. Кога царот ќе објави дека ќе оди во лов, Земан отворено го изтразува своето сомнение во верноста на Зобеида. Девојките од харемот ја заговараат Зобеида да му пријде на Шархијар и да му пожели среќа во ловот, за да се оттргне секое сомнение.
Кога мажите одат, девојките го поткупуваат главниот евнух кој ги чува, да ја отвори вратата од харемот.
Црните робови влегуваат во харемот и почнуваат оргии со жените на Шахријар. Зобеида за себе го одбрала најубавиот меѓу нив.
Одеднаш се враќа Шахријар, кој се посомневал во верноста на Зобеида.Смртната казна пристигнува за робовите и евнусите.
Зобеида пробува да го моли царот за милост, и го убедува за нејзината верна љубов.Кратко време состојбата изгледа дека е спасена, но сепак царот ја жртвува својата љубов за да ја спаси својата чест.
Зобеида која не наоѓа решение се самоубива во прегратката на царот Шахријар.

 

10.02.2018 / 20.00
ШЕХЕРЕЗАДА – Николај Римски Корсаков
(балет)

Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Михаил Крапивин (Русија) – со првична постановка на Михаил Фокин
Сценограф: Марија Ветеровска (по сценографијата на Л. Бакст)
Костимограф: Маја Бурсаќ (Србија) – по костимографија на Л. Бакст
Концерт мајстор: Климент Тодороски
Репетитори: проф. м-р Тања Вујисиќ Тодоровска, Лора Тарчуговска


НАСТАПУВААТ:
Забеида: Александра Мијалкова
Златен роб: Васил Чичијашвили (Грузија)
Султан Шахријар: Драган Кочоски
Шах Земан:Киро Павлов
Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот при МОБ.

****Билети на Билетарница на МОБ: 02 3118-451
online: www.mob.mk

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.